ВАР не беше доволен: Радикална промена во Премиер лига

Уште не сме се навикнале на ВАР технологијата, а челниците на Премиер лигата одлучија од следната сезона да воведат пробно правило во врска со измената на играчи. Оваа промена би можела радикално да се одрази на текот на играта.

Следејќи го примерот на американската НФЛ, Премиер лигата сака да воведе посебен протокол за играчи кои во текот на играта добиле потрес на мозокот, што се смета за исклучително опасна состојба.

Англичаните ги претставија своите идеи пред ИФАБ, телото на ФИФА задолжено за промена на правилата и од следната сезона ќе примени едно од двете решенија за кои ќе се одлучува на 3 април.

Првиот предлог е играчот за кој лекарите се сигурни дека има потрес на мозокот да може „бесплатно“ да се замени, односно неговата измена да не влијае на вкупниот број од три дозволени измени, колку што имаат екипите според актуелните правила.

Втората идеја е играчот за кој постои сомнение дека има потрес на мозокот да биде изнесен од терен и да добие лекарски преглед во соблекувалната на 10 или 15 минути, а потоа ако е во добра состојба да му се овозможи да се врати во игра. За време на повредата би можело да биде заменет со играч од клупа кој би се вратил на клупа доколку повредениот играч би се вратил во игра.

Премиер лигата на 29 февруари ќе ги дискутира двата предлога со ИФАБ и ќе одбере еден за кој клубовите ќе гласаат во јуни на крајот на сезоната.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Фудбал

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Read more

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Read more

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе