„Unbreakable“ доби брутално искрен трејлер
Пред да го погледнете „Glass“, новиот суперхеројски филм на М. Најт Шајамалан, продолжението на „Unbreakable“ и „Split“, погледнете го брутално искрениот трејлер за „Unbreakable“.
Во 2000 година беше прикажан филмот „Unbreakable“ со Брус Вилис во главната улога. Во филмот Вилис толкува улога на човек кој сфаќа дека целиот живот никогаш не се разболел од сериозна болест или повреда, отсутност која всушност е потврда дека има некаква супермоќ.
Во новото продолжение Брус Вилис, Самјуел Л. Џексон, Спенсер Трит Кларк и Шарлин Вудард ќе ги репризираат улогите од „Unbreakable“, додека Џејмс Мекавој и Анја Тејлор Џој ќе ги репризираат улогите од „Split“. Премиерата е закажана за 18 јануари.