Убава вест за македонските клубови од УЕФА

Фудбалските клубови кои нема да се квалификуваат за натпреварувањата на УЕФА од следната сезона ќе добиваат поголем дел од приходите од европското раководно тело, според новиот модел на дистрибуција, објавен денеска. УЕФА и Европската клупска асоцијација (ЕКА) потпишаа обновен работен договор до 2030 година што ќе „ја зајакне долгорочната стабилност и одржливиот раст на европскиот клупски фудбал“, се вели во соопштението на Европската фудбалска организација. Ова секако е убава вест за македонските клубови кои многу ретко прават големи успеси во Европа или пак воопшто не учествуваат.

Промената стапува на сила од почетокот на сезоната 2024/2025, што се совпаѓа со новиот формат во Лигата на шампионите на УЕФА, Лига Европа и Европа конференциска лига. Според новиот модел за циклусот 2024-2027 година, 7% од приходите на УЕФА од трите натпреварувања ќе бидат распределени на клубовите кои не се натпреваруваат во нив, а моментално добиваат 4%.

Асоцијацијата на европски лиги, која ги претставува професионалните фудбалски лиги во Европа, рече дека промената ќе донесе 308 милиони евра што ќе ги поделат клубовите кои не учествуваат, што е повеќе од сегашните 175 милиони евра.

„Денешното соопштение ќе им помогне на сите клубови ширум Европа да ја одржат својата конкурентност на теренот и надвор од него, а истовремено да продолжат да инвестираат во развојот на младите и талентите“, се вели во соопштението на УЕФА.

Тагови
реклама

Фудбал

Голот на Адеми му ја донесе шампионската титула на Динамо

Read more

Официјално: Мбапе заминува од ПСЖ

Read more

Барела ќе стане најплатен италијански играч во Серија А

Read more

Не е крај додека Баер не даде гол: Леверкузен сезонава 11 пати се спасуваше во надополнувањето

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

На крилата на феноменалниот Јокиќ, Денвер врати и втор брејк против Минесота

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешниот голман на Челси тешко нокаутиран во KSW

Читај повеќе
  • play_arrow

Голот на Адеми му ја донесе шампионската титула на Динамо

Читај повеќе
  • play_arrow

Ѓоковиќ погоден со шише по глава, полицијата трага по мистериозниот навивач

Читај повеќе
  • play_arrow

Денвер победи кај Минесота, Индијана славеше над Њујорк

Читај повеќе
  • play_arrow

Официјално: Мбапе заминува од ПСЖ

Читај повеќе

Барела ќе стане најплатен италијански играч во Серија А

Читај повеќе

Не е крај додека Баер не даде гол: Леверкузен сезонава 11 пати се спасуваше во надополнувањето

Читај повеќе

Проблем за клупскиот мундијал на ФИФА – фудбалерите се заканија со тужба

Читај повеќе