Три фрази што ги користат луѓето кои имаат силна ментална отпорност

Сите доживуваме тешкотии низ животот. Отпорните луѓе често се потпираат на нивната ментална сила за да ги надминат овие предизвици.

Тие не се однесуваат како нивните проблеми да не постојат. Наместо тоа, имаат самосочувство (анг. self-compassion; свесност за сопствените чувства), што им овозможува да ги гледаат емоциите како стрес или разочарување, како можности за учење, тврди истражувачот Брене Браун.

„Сржта на менталната отпорност е самосочувството. Луѓето кои се ментално силни остануваат ментално силни затоа што паѓаат лесно во чувство на срам, самокритичност или самоомраза“, рече таа во нејзиниот подкаст Unlocking Us во 2022 година.

Така, еластичните луѓе се потпираат на неколку специфични зборови и фрази за да им помогнат да ги обработат и да одговорат на пречките, велат психолозите. Ова се некои од нив.

1. „Ми треба малку време“.

Дури и најсилните луѓе понекогаш мора да направат чекор назад и да размислат.

„Наместо да брзаме да се опоравиме од тешка ситуација, треба да си дадеме време да ги почувствуваме нашите емоции“, изјави психологот Кортни Ворен за CNBC Make It минатата година.

„Клучна компонента на еластичноста е емоционалната флексибилност, односно способноста да ги регулирате сопствените чувства и да го намалите нивниот интензитет во дадена ситуација. Управувањето со ова може да ви помогне да се чувствувате моќнo кога се соочувате со тешки времиња“, вели психологот.

Да речеме дека само добивме негативни повратни информации од нашиот шеф. Ако после тоа се чувствуваме вознемирено или потиштено, можеме да кажеме нешто како: „Чувствувам силна емоција, па ќе одвојам момент пред да одговорам или да донесам некои големи одлуки“, додава Ворен.

2. „Можам да се справам со сè што ќе ми излезе на патот“

Уверувањето дека ќе надминете различни околности може многу да ви помогне, вели невропсихологот Џуди Хо.

„Луѓето кои ја користат оваа фраза можат подобро да се справат со тешките ситуации, да ги прифатат и да се прилагодат на нив. Исто така, можат да се ослободат од фиксирањето на одреден исход, да ги приспособат своите стратегии за справување и да најдат различни решенија и патишта кон своите цели“, рече таа за CNBC.

2. „Не“

Ако понекогаш се ставаме себеси на прво место, не треба да се чувствуваме виновни, вели психологот Џесика Џексон.

„Отпорноста често се меша со независноста и треба повеќе да се однесува на давање приоритет на вашите потреби“, изјави таа за CNBC во 2022 година.

Поставувањето граници на овој начин може да биде непријатно, но на крајот ќе се заблагодариме за заштедата на енергија и ставање на нашето ментално здравје и благосостојба на прво место, додаде таа.

„Важно е да го знаете вашиот праг и вашите граници и да ги почитувате пред да доживеете исцрпеност“, заклучува Џексон.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Живот

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more
 

Магазин

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе