Култура

Томе Станковски прогласен за најдобар актер на Интеранционалниот театарски фестивал во Приштина

16. ноември 2019 - 13:05 |

Актерот Томе Станковски ја доби наградата за најдобар актер на третиот по ред интернационален театарски фестивал во Приштина - PITF за улогата во перформансот „Јас сум актер - човек“, во режија на Теа Беговска. 

Станковски беше номиниран заедно со 10 други актери од Грција, Косово, Бугарија и Хрватска, во најглавната категорија Најдобар актер, оценето од стручното жири.

Ова е трето издание на овој меѓународен фестивал. Томе во перформансот „Јас сум актер - човек“ игра заедно со актерите Даријан Петров и Теа Беговска.

Ова е прва награда за 33-годишниот актер кој неодамна дипломираше на Универзитот за Аудиовизуелни Уметности - ЕФТА, во класата на професорот Дејан Пројковски и асистентот Андреј Цветановски.