Тетовец уценуван за разголени фотографии од Французинка која ја запознал на Facebook

Тетово, 7 октомври 2019 (МИА) – Млад жител на тетовско село на социјалната мрежа Facebook добил понуда за пријателство од Французинка, а комуникацијата стигнала до размена на фотографии и видеа со компромитирачка и контраверзна содржина. Сепак, комуникацијата завршила со уцена на наводната Французинка дека неговите „голи“ фотографии ќе бидат јавно објавени доколку не и даде одредена сума пари.

Потоа младиот тетовец го пријавил случајот во СВР Тетово, па оттаму службите за компјутерски криминал сега истражуваат за што станува збор.

-Ова не е единствен пријавен случај. Има и такви кои на Facebook, „Instagram, виделе нивни фотографии објавени од други лица придружени со навредливи текстови и пораки за трети лица. Оттаму, се апелира до корисниците на социјалните мрежи да се воздржат од вакви злоупотреби, но и од невнимателно споделување на лични податоци, без при тоа адекватно да ги заштитат, посебно при контакти со непознати лица од други места или држави, при учества во фиктивни наградни игри со лажни добивки и при практикување на онлајн нарачки, истакнува Марјан Јосифовски, портпарол на СВР Тетово.

Од Секторот за внатрешни работи Тетово укажуваат дека злоупотребувањето лични податоци претставува кривично дело, за кое е предвидена парична и затворска казна до една година (член 149 од Кривичниот законик). Доколку злоупотребувањето го извршило службено лице при вршење служба, ќе се соочи со затворска казна од три месеци до три години. 

реклама

Хроника

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Read more

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Read more

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Read more

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Read more
 

Вести

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе