Кошаркарскиот клуб Басконија ќе го подигне дресот на Луис Скола под сводовите на „Буеса Арена“ пред натпреварот од шестото коло на Евролигата со Партизан, кој ќе се одигра в петок.
Легендарниот аргентински кошаркар нема намера да запре дури ни во репрезентативниот дрес. И покрај поодминатата спортска возраст, тој ќе настапи на претстојната Олимпијада во Токио.
Скола на 40 години растури во Кина, па сега го бара Реал
Легендарниот аргентински центар е пред враќање во Европа бидејќи Реал Мадрид сака да направи победничка аргентинска четворка додавајќи го ветеранот на Кампасо, Лапровитола и Дек.
Аргентина со 39-годишниот Скола ја разби Франција за влез во финале на СП 2019
Кошаркарите на Аргентина се пласираа во финалето на Светското првенство во Кина откако денеска во Пекинг ја совладаа селекцијата на Франција со резултат од 80:66.
Скола на чекор од врвот, сега е втор мундијалски стрелец
Аргентинецот со постигнатите поени против Нигерија се проби на второто место на вечната листа на најдобри стрелци на мундијалите оставајќи го зад себе легендарниот Ендрју Гејз.