Судот одлучи: Платини и Блатер прогласени за невини во судењето за корупција

Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер и поранешниот претседател на УЕФА, Мишел Платини се ослободени од обвинувањата за корупција по пресудата на Федералниот криминален суд во Белинцона, Швајцарија, пренесе BBC.

Според обвинението, Блатер противправно овозможил  преку ФИФА да му исплати два милиона швајцарски франци на Платини во 2011 година.

И двајцата ја отфрлија можноста за вина и изјавија дека тоа било задоцнета исплата за работата на Платини како советник за ФИФА. 

На судскиот процес тврдеа дека не извршиле кривично дело, дека тој износ бил на име на хонорар на Платини за кој ФИФА била должна да му го исплати за неговата советничка улога.

„За многу работи во животот сум бил виновен, но во овој случај сум невин“, изјави Блатер при влегувањето во судската сала за да ја слушне пресудата.

Судењето траеше 11 денови, а беше одржано во Федералниот кривичен суд во Белинцона.

Обвинителството ги товареше за незаконско присвојување на споменатите пари на штета на ФИФА, а кои Платини ги примил на основа на договор од 1999 година за давање консултански услуги. Во врска со тоа му се исплаќал годишен надомест од 300.000 швајцарски франци.

Осум години откако е завршена советничката дејност, поточно во 2011 година, Платини на Блатер во име на ФИФА му уплатил 2 милиони швајцарски франци на основа на заостанати побарувања.

реклама

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

Падна Шојгу: Дали пука фасадата на Путин?

Read more

Голем неделен хороскоп од 13 до 19 мај според руски астролог

Read more

Фудбал

Баерн очајнички бара тренер

Read more

Невидена измама: Потпишал за Динамо од Букурешт и го пуштил близнакот да игра место него

Read more

Голот на Адеми му ја донесе шампионската титула на Динамо

Read more

Официјално: Мбапе заминува од ПСЖ

Read more
 

Спорт

Баерн очајнички бара тренер

Читај повеќе

Нов „дијамант“ на македонската кошарка

Читај повеќе

Невидена измама: Потпишал за Динамо од Букурешт и го пуштил близнакот да игра место него

Читај повеќе

Жрепката за СП е за две недели, Македонија е во третиот шешир

Читај повеќе

Ѓоковиќ го боли ударот од шишето: По дебаклот во Рим најави дополнителни прегледи

Читај повеќе
  • play_arrow

На крилата на феноменалниот Јокиќ, Денвер врати и втор брејк против Минесота

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешниот голман на Челси тешко нокаутиран во KSW

Читај повеќе
  • play_arrow

Голот на Адеми му ја донесе шампионската титула на Динамо

Читај повеќе
  • play_arrow

Ѓоковиќ погоден со шише по глава, полицијата трага по мистериозниот навивач

Читај повеќе