Невидена измама: Потпишал за Динамо од Букурешт и го пуштил близнакот да игра место него

Романскиот клуб Динамо од главниот град Букурешт потпиша со Едгар Је во февруари и три месеци подоцна откри дека неговиот брат близнак Еделино всушност бил во нивниот тим.

Во Романија истражуваат дали фудбалерот Едгар Је го принудил својот брат близнак Еделино наместо него да одигра 5 натпревари за Динамо, кој се бори за опстанок најдобрата романска лига.

Едгар Је потпиша за Динамо во февруари, но очигледно играчот кој пристигнал во Букурешт бил неговиот брат близнак Еделино. Случајот со промена на идентитетот го откри новинарот Даниел Сендре, кој објави дека во Динамо биле изненаден бидејќи Едгар не зборувал добро англиски и комуницирал само на португалски, иако претходно има играно во Шпанија, Франција, Турција и Холандија.

„Изгледа надреално. Почнав да се јавувам, да разговарам со пријателите и веста е вистинита, не ми се верува. Никој не негираше. Дознав дека има брат близнак кој исто така игра фудбал“, изјави Флорин Прунеа, поранешен голман на репрезентацијата на Романија и поранешен претседател на Динамо.

Романскиот новинар Емануел Росу објави дека Динамо побарал од наводниот Едгар Је да ја покаже возачката дозвола, што тој ја одбил.

Доколку и официјално се потврди замената на идентитет, на Динамо му се заканува опасност да ги загуби осумте освоени бода на петте натпревари што Еделино ги одиграл на местото на Едгар.

Извор од Романската фудбалска федерација објасни за iAMsport дека не постои планирано сценарио за оваа ситуација. Доколку играчот кој играл не е тој што е регистриран, може да има санкции. Законски гледано, Динамо никогаш немал намера да го користи братот близнак наместо играчот што го донеле, а можеле да се бранат со тоа што не знаеле дека се измамени.

Кои се браќата измамници?

Едгар Мигел Је е роден на 1 мај 1994 година и е репрезентативец на Гвинеја-Бисау откако играше за младинските селекции на Португалија. Тренираше во младинскиот тим на лисабонски Спортинг сѐ додека не потпиша за Барселона Б во 2012 година. Дури и дебитираше за првиот тим чиј тренер тогаш беше Луис Енрике на 3 декември 2014 година, а Барса ја напушти во 2015 година.

Потоа играше за Виљареал Б, Белененсеш, Лил, Нант, Трабзонспор, Фејнорд и Башакшехир, пред да потпише за Динамо од Букурешт.

Неговиот брат близнак Еделино исто така започна во Спортинг, кратко беше во литванска Круоја, а кариерата ја помина најмногу во нисколигашки клубови во Португалија, како Синтајш, Фелгејраш, Гундумар, Фонтињаш, Мирандела и Резенде. Негов последен тим беше Тлуховиа во Полска, со кој се раздели во јануари. за разлика од неговиот брат Едгар, Еделино никогаш не заигра за ниту една репрезентација.

реклама

Лекар советува каков чај да пиете за намалување на крвниот притисок

Read more

Скопје за време на Прва светска војна

Read more

3 едноставни чекори како да ослабите 10 килограми

Read more

Џеј Ло затечена од новинар кој ја праша за разводот од Бен Афлек

Read more

Фудбал

Спалети го објави списокот на Италија за ЕУРО

Read more

25 фудбалери повикани во младата репрезентација за јунските контролки

Read more

Клоп го разнежни подарок од навивач на Ливерпул, ќе го чува на посебно место

Read more

Протекоа пораки во кои Чеферин го навредува Перес: Тој е идиот и расист

Read more
 

Спорт

Спалети го објави списокот на Италија за ЕУРО

Читај повеќе

Швајцарија ја доби вајл-картата за ракометниот Мундијал 2025

Читај повеќе
  • filter

Возачи што најдолго чекаа на својата прва победа во Ф1

Читај повеќе

25 фудбалери повикани во младата репрезентација за јунските контролки

Читај повеќе
  • play_arrow

Клоп го разнежни подарок од навивач на Ливерпул, ќе го чува на посебно место

Читај повеќе

Протекоа пораки во кои Чеферин го навредува Перес: Тој е идиот и расист

Читај повеќе

Семејството Шумахер доби оштета за лажното интервју

Читај повеќе

Во Лондон паднал договор: Ханси Флик ќе ја води Барса

Читај повеќе

За прв пат една лига може да има 6 учесници во ЛШ, Италијанците тријат раце

Читај повеќе