Солистички концерт на Destiny Quartet во Македонската филхармонија

Познатиот балкански квартет „Destiny Quartet“ ќе одржи самостоен концерт во Македонската филхармонија на 18 април, со почеток од 20 часот. Во рамките на својот настап „Destiny Quartet“ ќе се претстави со двочасовно концертно шоу со оригинално сценарио, импресивна кореографија и впечатливи визуелни ефекти, кои нема да ја остават публиката рамнодушна.

Составен од висококвалификувани академски музичари, „Destiny Quartet“ е препознатлив по својот разновиден репертоар составен од модерни аранжмани на класични дела, филмски партитури и популарни музички хитови. Четирите дами дел од квартетот – Гергана Алексиева (виолина), Венета Гудева (виолина), Александрина Митева (виола) и Маја Михајловска (чело), со својата виртуозност на сцената креираат чиста музичка магија демонстрирајќи одлична техника на изведба и пленејќи со апсолутна женственост.

Како аранжер на музиката на квартетот се потпишува светски познатиот композитор Маврицио Абени, познат по неговите соработки со музички икони како Андреа Бочели и Луис Бакалов. Дополнително, аранжманите на квартетот ги оживува реномираниот инженер за звук Марко Страчони, чие импресивно портфолио вклучува над 500 музички композиции за филмови добитници на Оскар, Златен лав и Златен глобус.

Меѓу оригиналните аранжмани на „Destiny Quartet“ се безвременските музички теми, како „El Choclo“, „Tico-Tico“, „Miserlou-Flamenco“, „Ederlesi“, „Black Eyes“, „Ladybug“, „Scent of a Woman“, „Nah Neh Nah“ и многу други. Дополнително, „El Choclo“ е претставена и во трејлерот за филмот „Tango Shalom“, најновото филмско остварување на режисерот Џоел Звик (Joel Zwick), препознаен по филмот „My Big Fat Greek Wedding“.

Самостојниот концерт на „Destiny Quartet“ е со наслов „Љубов без граници“, што всушност ја доловува и филозофијата на квартетот. Ова во пракса го демонстрираат со голем број соработки во регионот, меѓу кои гостувањето на концерт на Влатко Стефановски и разработката на познатата народна песна „Јовано, Јованке“ со дуото Александар и Дац. Спојувајќи ја музичката разновидност на разни култури, „Destiny“ е квартет на светот. Нивната амбиција и квалитети се веќе видени на разни меѓународни концертни сцени, огромни корпоративни настани во Европа и на приватни забави.

Челистката во квартетот, Маја Михајловска, е воедно и дел од Македонската филхармонија, што дополнително додава особено значење на претстојниот концерт.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Култура

Празнично ретро шоу на олдтајмери во Крива Паланка

Read more

Вердиевата спектакуларна опера Трубадур на 11 мај на Мајските оперски вечери

Read more

Изложба: Четирите мајстори на модернизмот

Read more

Распишани конкурсите за државните награди „11 Oктомври“ и „22 Ноември“

Read more
 

Вести

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Читај повеќе

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Читај повеќе

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Читај повеќе

ВЛЕН: Влада и Бадентер да, но без ДУИ

Читај повеќе

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Читај повеќе

Празнично ретро шоу на олдтајмери во Крива Паланка

Читај повеќе

Во Швајцарија се водат мировни преговори за Украина, Русите не доаѓаат

Читај повеќе

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Читај повеќе

Екстремната десница во Австрија брутално расте, се спомнува „излегување од лудилото на ЕУ“

Читај повеќе