Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Високиот крвен притисок е многу опасен бидејќи со текот на времето може да ги оштети артериите, што го зголемува ризикот од срцев или мозочен удар, а важно е да се внимава и на помалку познатите симптоми кои го откриваат.

Според една нова студија објавена во списанието Digital Medicine, луѓето кои 'рчат ноќе имаат поголем ризик од висок крвен притисок.

Има и други знаци и симптоми на кои треба да внимавате. Психијатарот и ко-основач на Emoneeds, Горав Гупта, ги откри помалку познатите, но предупредувачки симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат во текот на ноќта.

'Рчење

Еден од вообичаените показатели за висок крвен притисок е 'рчењето, особено ако е придружено со паузи во дишењето, познато како апнеја при спиење. 'Рчењето се јавува кога дишните патишта се делумно блокирани, што предизвикува вибрации во ткивата на грлото.

Меѓутоа, кај луѓето со хипертензија, 'рчењето може да сигнализира повеќе од апнеја при спиење, така што може да укаже на ограничен проток на крв поради стеснетите крвни садови, што е знак за висок крвен притисок.

Несоница

Иако многу фактори можат да придонесат за несоница, како што се стресот, анксиозноста или лошата хигиена на спиењето, високиот крвен притисок или хипертензијата може да го нарушат природниот циклус на спиење на телото, што го отежнува спиењето во текот на ноќта.

Немирен сон

Честото будење или немирниот сон може да укажуваат на проблеми поврзани со хипертензија, бидејќи високиот крвен притисок може да предизвика често будење.

Прекумерно мокрење

Ноктурија или прекумерно мокрење во текот на ноќта може да биде симптом на хипертензија. Високиот крвен притисок може да ги стресе бубрезите, што доведува до зголемено производство на урина и потреба да се будите почесто за да уринирате.

Главоболка

Главоболката по будењето или во текот на ноќта исто така може да биде знак за висок крвен притисок. Ваквите главоболки обично се најинтензивни наутро бидејќи крвниот притисок природно се зголемува за време на спиењето и го достигнува својот врв во раните утрински часови.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Здравје

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Read more

Што ни се случува во телото ако не јадеме доволно зеленчук?

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more
 

Магазин

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе