НХЛ ВИНТЕР КЛАСИК 2024

Сиетл Кракен под отворено небо го среди шампионот Вегас Голден Најтс

Сиетл Кракен го порази бранителот на Стенли Куп титулата во годишниот спектакл натпревар на отворено познат како Винтер класик, односно Зимски класик, кој годинава се играше на „Ти-Мобајл Парк“ стадионот за бејзбол во Сиетл, дом на МЛБ франшизата Сиетл Маринерс.

Сиетл Кракен ја презеде контролата од Зимскиот класик 2024 само неколку минути по почетокот и не ја испушти до крајот. Комбинацијата на ефикасност и одличниот настап на голманот Џои Дакорд, Кракен беа подобри од  Вегас Голден Најтс со убедливи 3:0.

Со победата, Кракен ја продолжија серијата на освојување поени на 9 последователни натпревари, а ја продолжија и серијата победи на 5 натпревари во низа.

Remote video URL

Дакорд е човекот за кого ќе се зборува по овој Зимски класик бидејќи ги запре сите 35 шутеви со кои се соочи. Ова беше втор шутаут во кариерата за ветеранот, кој првиот ја забележа на 12 декември во победата од 4:0 против Флорида Пантерс.

URL

Кракен го отворија резултатот само 4:50 во воведниот период. Одбранбениот играч Винс Дан шутираше, а напаѓачот Ели Толванен прекрасно го пренасочи пакот покрај голмнаот на „Златните витези“, Логан Томпсон. Тоа го означи шестиот бод во последните четири натпревари за Дан, кој исто така води кај Сиетл со 31 поен.

URL

Само 2:19 во вториот период, одбранбениот играч на Кракен, Вил Борген распали за водство на Кракен од 2:0. Томпсон првично одбрани, но пакот се одби на були. Борген беше на вистинското место во вистинско време и не промаши со одличен шут. Голот на Борген беше негов прв сезонава.

URL

Голден Најтс направија огромна грешка на почетокот на третиот период кога го ставија натпреварот за нив надвор од дофат. Напаѓачот на Кракен, Јани Гурд, го крена стапот на Пол Котер во зоната на гостите од Лас Вегас и го одзеде пакот од Котер. Почетниот удар на Гурд беше сопрен од Томпсон, но тој успеа да погоди на одбиено.

URL
Тагови
реклама

Останати спортови

Зошто Фјури не го ни погледна Украинецот Усик пред борбата на векот?

Read more

Поранешниот голман на Челси тешко нокаутиран во KSW

Read more

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Read more

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Читај повеќе

Во Барса се бесни: Сепак клоца за Чави

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Фјури не го ни погледна Украинецот Усик пред борбата на векот?

Читај повеќе