Книги

Салман Ружди и Маргарет Атвуд повторно кандидати за Букерова награда

24. јули 2019 - 19:50 | Б.С.Б.

Поранешните добитници на Букерова награда, Салман Ружди и Маргарет Атвуд повторно се номинирани за престижната награда во жанрот фикција.

Ружди освои Букерова награда во 1981 година за книгата „Midnight’s Children“ („Деца на полноќта“), а годинава е номиниран за романот „Quichotte“.

Атвуд во 2000 година победи со книгата „Blind Assassin“ („Слеп убиец“), а годинешната номинација ја заработи со книгата „Testaments“, продолжение на „Handmaid’s Tale“ („Приказната на Робинката“).

Имињата на шесте финалисти ќе бидат објавени на 3 септември, а победникот ќе биде прогласен на 14 октомври. Наградата е основана во 1969 година и изнесува 50.000 фунти. Се доделува на  писатели од целиот свет кои творат на англиски јазик.

Номинирани се 13 писатели и книги:

- Маргарет Атвуд, „The Testaments” 
- Кевин Бери, “Night Boat to Tangier” 
- Ојинкан Бретвејт, „My Sister, The Serial Killer” 
- Луси Елман, „Ducks, Newburyport” 
- Бернадин Еваристо, “Girl, Woman, Other” 
- Џон Ланкестер, “The Wall” 
- Дебора Леви, “The Man Who Saw Everything” 
- Валерија Лусели, “Lost Children Archive” 
- Чигози Обиома, “An Orchestra of Minorities” 
- Макс Портер, “Lanny” 
- Салман Ружди, “Quichotte” 
- Елиф Шафак, “10 Minutes 38 Seconds in This Strange World” 
- Џенет Винтерсон, “Frankissstein.”