РФМ одлучи да се прошири Суперлигата

Наредната сезона најдобрата машка ракометна лига ќе брои 16 екипи, дури четири повеќе од прекинатава сезона.

Фото: РФМ
Фото: РФМ

Ракометната федерација на Македонија на утринскиот состанок донесе конечна одлука. Актуелната сезона дефинитивно нема да заврши, од неа нема да испадне никој, а првипласираните три екипи од двете втори лиги ќе добијат шанса да играат суперлигашки ракомет.

Дури 6 екипи кои се натпреваруваа во прекинатата сезона во групите 1 и 2 од Првата лига ќе станат суперлигаши. Во групата 1 прв беше Астарион со 40 бодови пред Прилеп 2010 со 33 и Јуниор К.В. со 31, додека во групата 2 лидер беше Тиквеш со 39 пред КЛ7 со 33 и Младост со 27. Планот беше првите две да влезат во Суперлигата, но дополнително се одлучи да влезат и третопласираните откако стана јасно дека наредната сезона вторите екипи на Вардар и Металург (Вардар Јуниор и Металург 2) нема да учествуваат. Дури 7 од 16-те екипи се од главниот град.

Согласно рангирањето на РФМ, екипите ќе бидат поделени во две групи од по 7, додека учесниците во СЕХА лигата (Вардар и Пелистер) ќе бидат ослободени од настап во првиот дел.

Учесници за сезоната 2020/21:
Вардар (Скопје)
Еурофарм Пелистер (Битола)
Металург (Скопје)
Охрид
Пролет 62 (Скопје)
Бутел (Скопје)
Радовиш
Еурофарм Пелистер 2 (Битола)
Струга
Работнички (Скопје)
Астраион (Струмица)
Тиквеш (Кавадарци)
Прилеп 2010
КЛ 7 (Скопје)
Јуниор К.В. (Скопје)
Младост (Богданци)

реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Read more

Ракомет

Николов и Начевски ќе го судат финалето во Лигата на шампиони

Read more

Жрепката за СП е за две недели, Македонија е во третиот шешир

Read more

Лазаров за дебаклот од Фарските Острови: Беа подобри, заслужено победија

Read more

Ракометарите убедливо поразени од Фарските Острови

Read more
 

Спорт

Разбојници пукале врз тројца фудбалери на Марсеј

Читај повеќе

Куп финалето в среда на Арената: Тиквеш и Воска по историја

Читај повеќе

Работа од соништата: Гледа натпревари, освојува трофеи и заработува милиони

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ превртува очи на прашањето дали ќе игра за Србија на Олимпијадата

Читај повеќе

Вардар последната битка за опстанок ќе ја бие во Струмица

Читај повеќе

Познати бараж двојките за пополнување на втората лига

Читај повеќе

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Читај повеќе
  • play_arrow

Клоп ги насмеа новинарите на последниот прес за Ливеерпул

Читај повеќе
  • play_arrow

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Читај повеќе