Пролет е сензацијата во ракометниот Куп на Македонија

Ракометниот суперлигаш Пролет, од истоимената скопска населба, оствари одличен успех со пласманот на завршниот турнир од Купот на Македонија.

Пролет на патот до фајнлфорот ги победи Голден Арт и Еурофарм Пелистер 2. Во ситуација кога тимот е значително подмладен по заминувањата на Џонов, Аларов и на Јагуриновски, сите ракометари на чело со стручниот штаб го дадоа максимумот за остварување на зацртаната цел - пласман на Ф4 што уште еднаш ја потврди квалитетната работа во оваа екипа.

„Нема сомнеж дека сме презадоволни од она што екипата го прикажа во групата од Купот на Македонија. Заминувањата на клучните играчи придонесоа да немаме амбиции за пласман во европските купови за наредната сезона, но сите сме свесни дека ова е еден процес во кој ќе создадеме нов бран на ракометари кои со години во иднина би го носеле дресот на Тинекс Пролет. Кога ја добивме групата не криевме дека желба ни е да се пласираме на фајналфор, го поставивме тоа како главна цел за вториот дел од сезоната и пресреќни сме што го остваривме. Особено импресивна беше играта во финалето со Еурорфарм Пелистер 2, наш ривал од плејофот, дуел на кој целосно ги надигравме битолчани и покажавме дека можеме да победуваме противници од овој ранг“, вели директорот на клубот, Сашо Огњеновски.

За него и за останатите членови на клупската управа нема никаква дилема, инсистирањето на што повеќе домашни играчи и давањето шанса на млади македонски ракометари било и ќе остане заштитен знак на Пролет и во иднина.

„Македонски играчи во екипата, тоа е она на што Пролет како клуб отсекогаш бил горд и тоа е патот што го одиме и сега. Благодарни сме им на Џонов, Аларов и на Јагуриновски за сѐ што сторија за клубот, но сега напорно работиме на создавање на нова успешна генерација млади ракометари. Имавме тројца кадетски репрезентативци кои минатото лето настапија на ЕХФ шампионатот, сега тројцата добиваат позначајна минутажа во нашиот прв тим. Имаме уште тројца играчи кои се за една до две години повозрасни од нив, така што веќе во своите редови имаме речиси цела постава која е гаранција за стабилноста на клубот, но и за потенцијалот што го имаме за во иднина. Преодот од младински кон сениорски ракомет е исклучително тежок, но тренерот Лембанов верува во овие момци, кои ја имаат поддршката и од оние поискусните. Пролет функционира како семејство и тоа ни носи добри резултати“, додава тој.

Паралелно со работата на првиот тим, клубот сѐ повеќе внимание посветува и на функционирањето на младинската школа.

„Младинската школа е нешто на што сме многу горди и особен акцент во овој период беше ставен и на пионерскиот состав. Во пионерската школа има значително зголемен број на деца кои првите ракометни чекори ги прават токму во Пролет, а на нас во клубот е да ги насочиме на вистински пат и да им ја всадиме љубовта кон ракометот, кој бил, сѐ уште е и ќе биде спорт број еден во Македонија“, истакнува Огњеновски.

Примарната цел за вториот дел од сезоната е остварена со пласманот во полуфиналето од Купот на Македонија, но Пролет ќе се обиде да стори нешто повеќе и во продолжението од натпреварувањето во ракометниот плеј-оф.

„Главна работа беше да се пласираме на Ф4 во Купот на Македонија и ние тоа го остваривме. Сега желба ни е да забележиме неколку победи на домашен терен во плеј-офот, уште еднаш да покажеме дека со квалитетна работа и со млади македонски ракометари може да се стигне до позитивен резултат. Ќе бидеме тврд орев за сите екипи, јас искрено верувам во тренерот и во ракометарите што ги имаме, дека можат да се носат со голем дел од ривалите во плеј-офот, зошто да не во нашата сала и да ги победат“, оптимист е Огњеновски.

Тагови
реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Read more

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Ракомет

Николов и Начевски ќе го судат финалето во Лигата на шампиони

Read more

Жрепката за СП е за две недели, Македонија е во третиот шешир

Read more

Лазаров за дебаклот од Фарските Острови: Беа подобри, заслужено победија

Read more

Ракометарите убедливо поразени од Фарските Острови

Read more
 

Спорт

Брест не може на својот стадион да биде домаќин во Лигата на шампиони

Читај повеќе

Хулен Лопетеги ќе биде тренер на Вест Хем

Читај повеќе

Разбојници пукале врз тројца фудбалери на Марсеј

Читај повеќе

Куп финалето в среда на Арената: Тиквеш и Воска по историја

Читај повеќе

Работа од соништата: Гледа натпревари, освојува трофеи и заработува милиони

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ превртува очи на прашањето дали ќе игра за Србија на Олимпијадата

Читај повеќе

Вардар последната битка за опстанок ќе ја бие во Струмица

Читај повеќе

Познати бараж двојките за пополнување на втората лига

Читај повеќе

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Читај повеќе