Пробавме чоколадна торта од Delicia

Како вистински љубители на слатки задоволства, со нетрпение дочекавме да дојде денот кога треба да ја дегустираме роденденската торта од Delicia. Порачавме чоколадна торта во форма на симпатичен еднорог, која ја одбравме од огромната понуда на нивната Facebook фан страница.

Составот на тортата е по избор на купувачот (ние одбравме „стандард чоколадна“), а исто така постои можност да одберете дали сакате декорацијата да биде изработена од шлаг или од фондан. Ние одбравме фондан, затоа што верувавме дека така ќе биде поцврста, покомпактна и со најблизок изглед на тортата што ја видовме на нивната фотографија. За изработка и испорака се потребни најмалку 2 дена, а испораката до вашиот дом е вклучена во цената на тортата.

Тортата пристигна во специјално возило – ладилник, на договорената локација и во договореното време. Доставувачот пристапи со љубезен и професионален тон, а заедно со тортата ни достави и некаква брендирана кутија за која ни појасни дека е подарок. Ова е одличен гест, кој се надеваме дека е стандардна пракса при доставувањето на роденденски торти.

Што ли има внатре?

Кутијата изгледаше толку добро, што доколку не знаевме дека Delicia е пекарница / слаткарница, ќе помислевме дека внатре се крие некој high-end таблет.

Не издржавме и го отворивме подарокот пред тортата, а внатре имаше сет со боички и престилка која може да се обои – баш фино! :)

А сега, за тортата. Од визуелен аспект, не само што изгледаше веродостојно на онаа која беше претставена преку фотографија на нивната Faceboook страница, туку изгледаше и поубаво во живо. Сите декорации беа одлично изработени, фонданот беше фино обликуван и цврст, а боите на шлагот беа живописни, силни и примамливи.

Од кратката фото-сесија на слаткиот еднорог почувствувавме криза за благо, па брзо дојде редот да откриеме дали позади добриот изглед се крие и „добра душа“, односно, да го дегусираме вкусот на тортата.

„Мњам, мњам“ - лажиче по лажиче, успеавме да „стопиме“ по 2 парчиња за 5 минути. Првиот впечаток е дека вкусот на тортата е доволно добар за да ве натера да побарате „репете“ и дека го оправдува името - чоколадна торта. Чоколадниот крем е полн и вкусен, а како што може да забележите и по фотографиите, Delicia не штеди на крем.

И иако ова нѐ радува, има само едно нешто кое прави мал дисбаланс во целокупното задоволство, а тоа е сувиот пандишпан. Да бидеме појасни, ова не е нешто кое би ве натерало да одбиете парче торта на нечиј роденден, но, веруваме дека вкусот би бил уште позадоволувачки доколку пандишпанот би бил барем малку посочен :)

Би сакале да напишеме повеќе детали за вкусот, но во светот на слатките, чоколадните торти (барем оние без додатоци) се еквивалент на капричиоза во светот на пиците или Golf во светот на автомобилите. Класика, на која толку многу сме навикнати, што би прифатиле само минимални промени. Вкус, кој сите добро го познаваме и секогаш кога сме ставени во ситуација да одбереме помеѓу неа и нешто ново и непознато – најверојатно повторно би го одбрале тоа што ни е добро познато.

thumb_up Позитивно
  • Бесплатна испорака.
  • Соодветно возило (ладилник).
  • Соодветни пакувања и одличен брендинг.
  • Фин однос со потрошувачи (љубезност, подарок).
  • Реалниот изглед на тортата е веродостоен на нивните фотографии. 
     
thumb_down Негативно
  • Пандишпанот беше сув за наш вкус.
thumb_up
Кајгана
Оцена
4/5
реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Пробавме

Пробавме: Туна салата од Tinex ToGo, без туна

Read more

Пробавме: Huawei Watch GT 3 SE

Read more

Пробавме Лосос бејгл од Baeggel

Read more

Пробавме EUROVAFEL на Swisslion

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Читај повеќе

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе