Audi смета дека моќните забрзувања и големите максимални брзини се застарени, а вештачката интелигенција го презема надзорот над возењето.
На автомобилскиот саем во Шангај, Audi претстави своја визија на иднината во облик на електричниот модел AI: ME, со компактни димензии, простран, футуристички ентериер и можност за самостојно управување од ниво 4 (што значи дека им овозможува на патниците да прават што сакаат со своето време додека се наоѓаат во кабината и патуваат).
Audi АI: ME нуди и широк распон на високотехнолошки функции за комуникација, забава или опуштање.
Концептот Audi АI: ME има должина од 4,3 метри, ширина од 1,9 метри, меѓуосовинско растојание од 2,77 метри и висина од 1,52 метри. Погонската единица е на задната осовина и има можност од 170 КС.
Audi АI: ME е дизајниран како возило со 2 плус-х-седишта, а неговиот распоред се потпира на различни конфигурации на положбата на седиштата. Додека на повеќето патувања ќе се користат само одредени седишта на предната страна, автомобилот нуди простор за до 4 патници на предната и задната клупа.
Како што спомнавме погоре, Audi АI: ME е дизајниран за самостојно возење на ниво 4, што е второ највисоко ниво на стандардизираната меѓународна скала за автоматизацијата. Иако системите со ниво 4 не бараат никаква помош од возачот, нивната функција е ограничена на одредено подрачје - како што се автопатите, каде возачот може во целост да ја пренесе задачата за возење на системот. Возачот мора да се врати на задачата само кога автомобилот ќе го напушти подрачјето дефинирано за целосно автоматизирано возење.