На убавите работи секогаш им доаѓа крајот, а истото може да се каже и за Audi R8, чие производство и официјално заврши.
Оваа информација воопшто не е изненадување бидејќи германската компанија претходно најави крај на производството за првиот квартал од оваа година, но тоа сепак не значи дека крајот на моделот R8 не остава горчлив вкус.
Audi не го објави производството на последниот примерок, но Top Gear потврди дека последниот автомобил е произведен во фабриката Böllinger Höfe во Германија. Станува збор за купе R8 V10 Performance Quattro Edition во Vegas Yellow со бронзени бандажи и карбонски пакет.
Последниот произведен примерок ќе има мирен живот бидејќи наводно ќе биде сместен во музеј, така што идните генерации ќе се потсетуваат на старите добри времиња. Долгиот животен век на R8 е доказ за неговата популарност, а кога официјално беше објавен неговиот крај, компанијата доби голем број нарачки и мораше да го продолжи производството за неколку дополнителни месеци.
За потсетување, R8 беше најавен со концептот Le Mans quattro на Саемот за автомобили во Франкфурт во 2003 година. Привлече големо внимание и одлични коментари, а серискиот модел пристигна три години подоцна и го подигна брендот на ново ниво. Исто така, овој модел се појави во првиот филм Iron Man, а втората генерација пристигна во 2015 година со претставувањето на салонот во Женева. По него следеше краткотрајниот R8 e-tron.
Ако R8 некогаш биде оживеан, најверојатно ќе го следи патот на R8 e-tron и ќе има целосно електричен модел. Гласини за него кружат, а најновата вели дека „развојот на електричен наследник на R8 е во напредна фаза“.