Музика

Пејачот на Despacitо го „процвета“ туризмот во својот Порторико

27. октомври 2017 - 9:20 | М.Д.

Порториканскиот пејач, текстописец и музички продуцент, Луис Фонси веќе со години владее на топ листите, вклучувајќи ги оние на Билборд како Top Latin, Latin Pop и Heatseekers листите, но секако најголем успех и голем број на обожаватели во светот стекна со глобалниот хит Despacito.

Оваа песна стана најстримуваната на сите времиња со повеќе од 4.6 милијарди емитувања на сите стриминг платформи.

Глобалниот летен хит го обработи и големата канадска ѕвезда Џастин Бибер, благодарение на што Фонси се најде и на првото место на US Billboard Hot 100.

Од кога се појави оваа песна, интересот на туристите за Порторико пораснал дури за 45 отсто, пренесуваат тамошните медиуми.

Во туристичките агенции во Порторико велат дека водичите, по желба на странците кои ја посетувале оваа земја, додавале локации кои биле прикажувани во спотот.

Дури и гувернерот Рикардо Росело изразил надеж дека долгот на Порторико, благодарение на огромниот пораст на туристи, ќе биде намален.

Песната на Луис Фонси стана хит број 1 во речиси сите земји во светот, го одбележа летото, а и цела 2017 година воедно.

Фонси долго чекаше за да се здобие со светска слава, без разлика на школуваниот глас и дуетите со познати пејачки.

Првиот албум го издаде во 1998 година, а вториот две години подоцна. Сними и спотови со Кристина Агилера и Бритни Спирс, а досега има издадено осум албуми.