Отворен е повикот за наградите на МАИ за 2024 година

Македонската асоцијација на издавачи го распишува осмиот по ред конкурс за наградите на МАИ за најдобри достигнувања во издаваштвото во периодот меѓу двата саема на книгата.

Осма година по ред Македонската асоцијација на издавачите (МАИ) за време на Саемот на книгата ќе ги додели наградите на МАИ. На Саемот на книгата, кој ќе се одржи од 18 до 24 овој месец, МАИ ќе додели признанија за најдобрите изданија, автори и издавачки проекти, кои го одбележаа периодот од саемот минатата година до годинешниот саем (мај 2023 – април 2024 година).

„Поканата за учество на конкурсот за наградите на МАИ е отворена за сите издавачи од Македонија, кои може да конкурираат со своите најдобри изданија, автори и проекти во следниве категории: (1) Признание за најдобра едиција; (2) Признание за најдобар дизајн на корица; (3) Признание за најдобро ликовно-графички уредено издание; (4) Признание за најдобра книга за деца; (5) Признание за автор на годината; (6) Признание за најкреативно издание; (7) Признание за поттикнување на општествена одговорност и (8) Специјално признание за промотор на читачката култура.

И оваа година МАИ сака да оддаде признание на издавачите и уметниците (писатели, графички дизајнери, илустратори…), кои од ланскиот саем до овој успеале да создадат единствени и оригинални дела, преку кои се подигнува нивото на издаваштвото и културата во нашата земја.

Македонската асоцијација на издавачите со наградите на МАИ и оваа година сака да им оддаде признание на оние што оствариле највисоки уметнички, креативни и културни резултати во сферата на издаваштвото, како и патоказ на читателите за најзначајните книги од изминатата година што треба да ги имаат во своите библиотеки“, вели Бојан Саздов, претседател на Македонската асоцијација на издавачите.

За наградите на МАИ ќе одлучува независна жири-комисија, оваа година составена од три членки, истакнати професионалки во сферата на книжевноста и на графичкиот дизајн:

· Николина Андова-Шопова, писателка, добитничка на наградата Роман на годината;
· Биљана Стојановска, поетеса и новинарка;
· Ива Јованова, графичка дизајнерка.

Издавачите што сакаат да конкурираат документот за апликација може да го побараат на електронската пошта sekretar@mai.org.mk.

Крајниот рок за испраќање на апликациите е 10 април 2023 година, а свеченото доделување на наградите ќе се одржи на 19 април во рамките на Саемот на книгата.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Што е сексомнија?

Read more

Култура

Празнично ретро шоу на олдтајмери во Крива Паланка

Read more

Вердиевата спектакуларна опера Трубадур на 11 мај на Мајските оперски вечери

Read more

Изложба: Четирите мајстори на модернизмот

Read more

Распишани конкурсите за државните награди „11 Oктомври“ и „22 Ноември“

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе