Мистериозни пакети со кокаин „испливуваат“ на француските плажи

Неколку недели француските власти трагаат по изворот на мистериозни пакети полни со кокаин што брановите ги исфрлаат на брегот на Атлантскиот. Заклучно со минатиот викенд најдени се вкупно 763 килограми кокаин.

Целиот атлантски брег е под влијание на феноменот, според јавното обвинителство од Рен. Пристигнувањето на овие пакети е забележано „од средината на октомври со зголемување на приливот од 4 ноември“, објасни јавниот обвинител на Рен, Филип Аструк.

Истражителите извршиле првични анализи кои „покажале дека во пакетите сее наоѓаат наркотици, особено кокаин со висок степен на чистота“, и „затоа особено опасен“, велат од обвинителството .

Пакетите содржат кокаин „со 83 отсто чистота“ и тие испливуваат на брегот на Атлантикот од Ланд до устието на Лоара, појасни Аструк.

Феноменот зазема досега невидени размери и воведен е интензивен надзор од разни служби, вклучително на царинските, долж францускиот брег, рече обвинителот.

Во Жиронд беа откриени пакувања со кокаин на плажите Ла Тест и Аркашон, во сливот на Аркашон. Обвинителството од Бордо смета дека станува збор за  „значителни количини“ на дрога без да даде повеќе детали.

Жандармеријата го сфаќа многу сериозно присуството на овие пакети и испрати „порака на предупредување до граѓаните кои ќе откријат такви пакетчиња на брегот“ и ги повика веднаш да пријават на службите и да не ги допираат пакетите.

Освен тоа што „за секое вакво откритие мора веднаш да биде известена полицијата или жандармеријата без никакви манипулации“, транспортот на овој вид на производ е прекршок казнив со 10 години затвор, рече обвинителот на Рен. Обвинителството предупредува и на опасноста од  консумирање на овие наркотици.

„Ова е многу опасен производ во ваква форма, неговата потрошувачка може да доведе до предозирање“, инсистира тој.

Истражните органи сакаат да дознаат дали станува за несреќа при транспортот, или пак за намерно фрлање во вода од страв од контрола од властите. Во истрагата се вклучени и европските полиции, како и американската ДЕА.

реклама

Свет

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Read more
 

Вести

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе