Лилјана Пандева денеска ја промовира збирката раскази „Хранител(к)и“

Лилјана Пандева вечерва, 15 јуни, ја промовира збирката раскази „Хранител(к)и“ на настан во МКЦ – Скопје со почеток од 20 часот.

Промотор на книгата ќе биде Славчо Ковилоски, а модераторка Јулијана Величковска.

„Хранител(к)и“, во издание на ПНВ Публикации, содржи 18 раскази и е поддржана од Министерството за култура.

Преку дијалози и внатрешни монолози на главните актери, во продолжение раскажувачкото перо на Пандева ни доловува свет во којшто се судираат реалните можности и посакуваните исходи. Авторката ни изнесува повеќе вистини, меѓу кои дека кога се хранат „стомачињата“ се хранат и „душичките“ и дека „кујната, односно приготвувањето било и наука“ (во „Ден за готвење“); дека е потребно внимание за што било да се подготви или да израсне и да биде убаво („Двоколка“, „Печуркарката“); дека јадењето не се фрла („Кетеринг“); дека храната и љубовта одат заедно („Порција љубов“, „Носот на Тина“); дека храната и литературата можат да се споредуваат дури и со книжевните движења и периоди: „Само Кире оттогаш ги карактеризираше моите кулинарски достигнувања како барокни, романтични, класични, модернистички и постмодернистички“, но и дека „тајната на вкусното јадење не е во времето што го трошиш за да го приготвиш“, како и дека „мали незабележливи продукти во кујната ја прават кујната („Готвење“) итн, ќе рече Ковилоски за книгата.

Лилјана Пандева е родена на 3.07.1964. Таа е доктор по филолошки науки. Автор е на: „Новогодишни едночинки“, драмолети за деца во стих, „Љубов од А до Ш и обратно“, поетска збирка, „Капетаните“, поема, „Возовите на Луцерн“, роман (преведен на германски јазик), „Канцелариски колумни“, збирка раскази, „Класифицирано“, збирка раскази, „Заорани“, збирка раскази, „Луѓенца“, збирка раскази, „Од агендата на Калина Калин“, роман (преведен на германски јазик), две изданија, „Дневници на една љубов“, роман, „Доилката“, роман, (преведен на руски, на српски, а во печат е преводот на хрватски јазик), три изданија, „Два Божика“, роман, три изданија. Пандева е добитник на наградата „Стале Попов“ на ДПМ за романот „Доилката“, на наградата „Григор Прличев“ за поемата „Капетаните“, на неколку награди за краток расказ на „Нова Македонија“, како и на Холокаустот на Евреите во Скопје. Исто така, добитник е и на наградата „13 Ноември“ на Град Скопје. Лилјана Пандева е член на Претседателството на ДПМ, на Здружението на лектори по македонски јазик, на редакциите на ревијата за литература, култура и уметност „Стожер“, на списанието за литература и култура „Книжевни елементи“ и на списанието за деца „Супер Смешка“. Лилјана Пандева е и автор и на голем број научни трудови од областа на јазикот, македонистиката и книжевната критика.

реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Книги

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Read more

Граѓаните на ЕУ повеќе претпочитаат печатени отколку електронски книги

Read more

КАЈГАНА препорака: Зошто треба да го прочитате крими романот „Нож“ на Ју Несбе?

Read more

Промовирана монографијата 100 години Тиверија

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Читај повеќе

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе