Одличниот Леброн Џејмс ги предводеше Лос Анџелес Лејкерс во плеј-офот по победата во плеј-ин натпреварот против Њу Орлеанс Пеликанс.
Лејкерс победија со резултат 110:106 на гостински терен и закажаа дуел во првото коло од плеј-офот против Никола Јокиќ и неговиот тим Денвер.
Џејмс мечот го заврши со 23 поени, 9 скока и 9 асистенции, а многу добри беа и Д'Анџело Расел со 21 и Ентони Дејвис со 20 поени.
На другата страна одличен беше Зион Вилијамсон со 40 поени, 11 скока и 5 асистенции, но немаше расположен соиграч.
Њу Орлеанс ќе има уште една шанса за пласман во баражот во дуелот против Сакраменто Кингс, кои на домашен терен го победија Голден Стејт Вориорс со резултат 118:94 и добија дополнителен плеј-ин натпревар.
Победникот од дуелот меѓу Њу Орлеанс и Сакраменто во баражот ќе игра против Оклахома Сити.