Kažu da vreme leči sve - нова песна на Тоше Проески, со помош на ВИ технологија

Макфакс/Кајгана
/ 25.01.2024 / 12:57

„Кажу да време, време лечи све, ал шта ми врeди вечност без тебе“… се стиховите од рефренот на последната отпеана песна од нашата најголема македонска музичка ѕвезда, Тоше Проески.

„Kažu da vreme leči sve“ е насловот на песната која се чинеше дека можеби никогаш нема да го здогледа светлото на денот. Но, со помош на новата ВИ технологија се извадени вокалот и пијаното за од демо да се направи студиска снимка.

Затоа токму баш сега, во овој момент, по толку години, песната ќе доживее свое издание. Оставена како аманет на еден од ретките вистински пријатели што Тоше ги имаше во својот живот – нашиот познат радиоводител, диџеј и продуцент Кирил Зарлинов, попознат како диџеј Erik Fox. Тој одлучи демо-снимката комплетно аранжмански да ја заврши и да ја даде како подарок од Тоше за сите негови обожаватели по повод неговиот роденден, сè со цел неговиот лик и дело никогаш да не бидат заборавени.

Првата демо-снимка е направена во септември 2004 година во домашното студио на Кирил.

Remote video URL

Автор на музиката и текстот е Зоран Ѓорѓевиќ, а аражманот и продукцијата се на Кирил Зарлинов (диџеј Erik Fox). Миксот и мастерингот се на нашиот познат микс-инженер, кој со години живее и работи во САД, Костадин Камчев – Studio Mozart од Њу Џерси, кој има три номинации на музичките награди  Греми за најдобар микс-инженер.

„Голема благодарност до целата екипа која несебично помогна во реализацијата на песната; Давор Јордановски, Дарко Тасев, Иле Спасев, Јован Јованов и Александар Тасиќ од Лесковац. Посебна благодарност до Александар Трајковски, кој ја донесе песната во Македонија и му ја понуди на Тоше“, изјави Кирил.

За спотот се погрижи екипата на „Студио 351“ од Кавадарци.

реклама

Музика

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Read more

Ар Кели осуден на уште 20 години затвор за сексуално злоставување деца

Read more

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Read more

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Читај повеќе
  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе