РАКОМЕТНА СУПЕР ЛИГА 2020/21

Кастратовиќ е новиот тренер на Пролет

Ракометниот суперлигаш Пролет има нов стратег на клупата и тоа искусниот Зоран Кастратовиќ кој доаѓа на местото на Никола Матлиевски.

Фото: РК Тинекс Пролет Скопје

Клубот од истоимената скопска населба синоќа спогодбено го раскина договорот со Матлиевски кој ја предводеше екипата од октомври 2017 година.

Замена експресно беше назначена и тоа во поранешниот предводник на Вардар и Металург, селектор на Црна Гора и Иран - Зоран Кастратовиќ. Црногорскиот стратег е сопруг на најдобрата македонска ракометарка на сите времиња, Индира Кастратовиќ.

„Мило ми е што повторно ќе работам во квалитетен тим од македонскиот шампионат. Запознаен сум со квалитетите на Пролет, верувам дека овој состав има потенцијал за да оствари добри резултати до крајот на сезонава. До крајот на сезонава имаме уште шест средби, а само со заедничка работа и максимална ангажираност можеме да стигнеме до она што сите го посакуваме - Тинекс Пролет да излезе во ракометна Европа. Благодарност до управата на клубот и верувам дека ќе ја оправдам нивната доберба и ќе им помогнам во остварувањето на зацртаната цел“, изјави Кастратовиќ за официјалната клупска веб-страница.

Пролет е на 3. место во плеј-оф групата за шампион зад Вардар и Еурофарм Пелистер и се бори за преостанатите две места (3 и 4) кои водат во еврокуповите.

Во Суперлигата следува мала пауза поради празниците, а сезоната продолжува на 9 мај кога Кастратовиќ ќе дебитира со натпреварот против Еурофарм Пелистер 2 на домашен терен во салата „Македонско Сонце“.

реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Read more

Ракомет

Николов и Начевски ќе го судат финалето во Лигата на шампиони

Read more

Жрепката за СП е за две недели, Македонија е во третиот шешир

Read more

Лазаров за дебаклот од Фарските Острови: Беа подобри, заслужено победија

Read more

Ракометарите убедливо поразени од Фарските Острови

Read more
 

Спорт

Брест не може на својот стадион да биде домаќин во Лигата на шампиони

Читај повеќе

Хулен Лопетеги ќе биде тренер на Вест Хем

Читај повеќе

Разбојници пукале врз тројца фудбалери на Марсеј

Читај повеќе

Куп финалето в среда на Арената: Тиквеш и Воска по историја

Читај повеќе

Работа од соништата: Гледа натпревари, освојува трофеи и заработува милиони

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ превртува очи на прашањето дали ќе игра за Србија на Олимпијадата

Читај повеќе

Вардар последната битка за опстанок ќе ја бие во Струмица

Читај повеќе

Познати бараж двојките за пополнување на втората лига

Читај повеќе

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Читај повеќе