Како со вежбање да го намалите холестеролот?

А.С.
/ 09.04.2024 / 12:33

Високиот холестерол може да нè стави во поголем ризик од развој на кардиоваскуларни болести.

Според клиниката Мајо, вишокот холестерол може да создаде масни наслаги во артериите, нарушувајќи го природниот проток на крв. Ако масните наслаги се згрутчуваат, може да доживеете мозочен удар или срцев удар.

Иако високиот холестерол може генетски да се одреди, многу луѓе го развиваат како резултат на лошиот начин на живот. Нездравата исхрана е голем фактор, заедно со прекумерната тежина.

Некои медицински состојби може да предизвикаат висок холестерол, вклучувајќи лупус, хипотироидизам, ХИВ/СИДА, хронично заболување на бубрезите и дијабетес, според клиниката Мајо. Изненадувачки, одредени лекови кои се земаат за висок крвен притисок, рак, неправилно чукање на срцето, па дури и акни, може негативно да влијаат на нивото на холестерол.

Следете го нивото на холестерол

Др. Мајк Бол вели дека нема предупредувачки знаци за висок холестерол.

„Единствениот начин да откриете дали имате висок холестерол е да направите тестови на крвта“, изјави тој за Eat This.

Возрасните постари од 20 години треба да го мерат холестеролот на секои четири до шест години, вели Американското здружение за срце.

Зголемете ги активностите како што се брзо одење, трчање или возење велосипед

Аеробните вежби се препорачуваат за намалување на холестеролот и намалување на ризикот од срцеви заболувања. Тие може да вклучуваат брзо одење, трчање, возење велосипед и пливање.

Тренингот со отпор и јогата се исто така клучни

Др. Бол вели дека многумина се изненадени кога дознале дека тренинзите со отпор или кревањето тегови исто така имаат позитивен ефект врз нивото на холестерол.

„И јогата помага. Истражувањата покажуваат дека практикувањето јога може да го намали LDL, кој е општо познат како лош холестерол“, вели докторот.

Општата препорака е да се вклучите во физичка активност со умерен интензитет 150 минути неделно или 75 минути ако правите активности со висок интензитет.

Покрај препораките за вежбање, здрава исхрана, престанок со пушење, намалување на стресот и ограничување на консумирањето алкохол се исто така корисни за намалување на нивото на холестерол.

Тагови
реклама

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Read more

Апасиев: Ја пасокизиравме СДС, го преполовивме проектот на Максо

Read more

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Read more

Нови пресметки од ДИК: ВМРО-ДПМНЕ има еден мандат помалку, ЗНАМ еден повеќе

Read more

Фит

Кога треба да појадувате за да слабеете?

Read more

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Read more

Како зелениот чај може да помогне во губењето тежина?

Read more

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

15 најмистериозни езера во светот

Читај повеќе

Оваа млада Месечина ќе му го смени животот на еден хороскопски знак

Читај повеќе

Џигер со кромид натопен во млеко - за најдобар вкус

Читај повеќе

8 совети за родителство што злато вредат

Читај повеќе

Исфрлете ги веднаш: Намирници што докажано предизвикуваат рак

Читај повеќе

Кои клучни особини ги наследуваме од родителите?

Читај повеќе
  • play_arrow

Две најголеми грешки што ги правиме кога готвиме тиквички

Читај повеќе

Кога треба да појадувате за да слабеете?

Читај повеќе
  • play_arrow

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Читај повеќе