Google ќе ги уништи податоците собрани при сурфање во инкогнито режим

Google се согласи да избрише голем број податоци поврзани со историјата на прелистување на милиони корисници како дел од спогодбата за колективната тужба што беше поднесена уште во 2020 година.

Деталите од федералниот суд во Сан Франциско откриваат дека Google се согласил да ги уништи податоците за кои тужбата тврди дека биле незаконски собрани додека корисниците на прелистувачот Chrome користеле инкогнито режим.

Целата класна акција беше токму за тоа, тврдејќи дека Google ги измамил корисниците на Chrome за тоа како прелистувачот ја следи нивната активност во инкогнито режим. Исто така, се наведува дека компанијата не ги информирала соодветно корисниците за видот на податоците што се собираат, а кои вклучуваат детали за посетените интернет страници во инкогнито режим.

Google вети дека ќе разјасни сè за податоците што ги собира во инкогнито режимот и ќе им понуди на корисниците опција да ги оневозможат колачињата од трети страни во овој режим. Компанијата изјави дека веќе работи на имплементација на овие промени и дека ќе го направи блокирањето на колачиња од трети страни стандардно поставување во инкогнито режимот најмалку во следните пет години.

Оваа спогодба, која спречи судење, не вклучува отштета за поединечни корисници, туку им овозможува на поединците да поднесат барања. Веќе 50 барања се поднесени до судот во Калифорнија, но ќе има повеќе.

Портпаролот на Google, Хосе Кастанеда, рече дека податоците за кои станува збор никогаш не биле поврзани со поединец или користени за каква било форма на персонализација на услугите, но додаде дека компанијата ќе избрише сѐ што се смета за „стари технички податоци“.

Сепак, внатрешната комуникација меѓу претставниците на Google откриена во целиот процес дава интересна слика. Главниот маркетинг директор на Google, Лорејн Тухил, уште во 2019 година го предупредил извршниот директор Сундар Пичаи дека инкогнито режимот не треба да се нарекува „приватен“ затоа што постои ризик од „влошување на познатите заблуди“.

Прелиминарното решение беше постигнато кон крајот на декември, а договорот сè уште бара конечно одобрување од судијата Ивон Гонсалес Роџерс.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Интернет

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Read more

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Read more

YouTube тестира нов формат на реклами

Read more

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Read more
 

Гик

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе