Франција е против старт на преговори за Северна Македонија поради реформата на СЈО

Брисел, 10 октомври 2019 (МИА) – Француски дипломатски извори информираат дека една од причините зошто Париз се противи на отворањето преговори со Северна Македонија е недостатокот на напредок во реформата на статусот на Специјалното јавно обвинителство.

– Конкретно сметаме дека Северна Македонија мора да приложи дополнителни напори посебно во делот на Специјалното јавно обвинителство, сметаме дека останува уште многу работа и за Северна Македонија и за Албанија и дека состојбата не е толку розова како што ни се претставува, вели француски дипломатски извор за МИА.

Ова е сега официјална позиција на француските власти и ќе им биде соопштена на министрите за надворешни работи во вторник во Луксембург.

За Албанија се бараат уште многу дополнителни напори во делот на комплетирањето на реформата на судскиот систем, а Франција ќе го нагласи фактот дека системот на ветинг во албанското судство имало “перверзни ефекти“ поради тоа што земјата останала без судии.

Што се однесува до Преспанскиот договор, Франција смета дека тој е од огромна историска важност, но дека тоа “нема никаква поврзаност со процесот на проширување“.

-За нас Преспа нема никаква врска, тоа е историски договор, но не е директно поврзан со процесот на проширување, важен договор е и потребен, но не треба да се очекува дека тој ќе го одблокира процесот на проширување, вели францускиот дипломат за МИА.

Дури и да се реши прашањето за СЈО до идниот вторник кога ќе се одржи состанокот на министрите во Луксембург, Франција ќе одбие преговори со Македонија и Албанија, но ќе одбие и одвојување на двете земји, објаснува дипломатот.

Причината за ова е што Франција сака претходна темелна реформа на методологијата на преговарање за земјите кандидати, за што ќе треба најмалку неколку месеци. Поради тоа Франција предлага да се наврати на прашањето во март 2020 година, но без никаква гаранција дека ќе даде зелено светло и тогаш.

– Мораме да констатираме дека процесот на пристапување во ЕУ е премногу технички и недоволно политички и дека тој не овозможи да видиме трансформација на општествата каква што очекувавме, затоа бараме од Европската Комисија да стави на маса реформа на методологијата на проширувањето за таа методологија да биде повеќе политичка, попостепена но и пореверзибилна, објаснуваат француските дипломати.

Она што Париз сака да го види е процес во кој ќе може во текот на преговорите да се врати назад доколку констатира дека една земја назадува или стои во место во однос на реформите, а истовремено тој нов процес би овозможил да се дојде до бенефити пред полноправното членство, хипотетички преку пристап до структурни фондови на ЕУ многу порано во процесот.

– Овие 35 поглавја, бенчмаркови, отворања, затворања, сметаме дека не овозможуваат амбициозни и суштински реформи, смета Париз.

Запрашан каков е ставот на Франција во однос на Србија и Црна Гора кои веќе преговараат, францускиот дипломат не беше во можност да даде одговор. Според него неизвесно е дали воопшто францускиот претседател би бил подготвен да попушти под притисок на другите земји на ЕУ доколку се побара одвојување од Албанија.

Поддршка за реформа на процесот на преговарање Франција добила од Данска, Холандија и Шпанија, иако и сите овие три земји порачале дека поддржуваат почеток на преговорите со Северна Македонија, но не со Албанија.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Македонија

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Read more

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Read more

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Read more

Османи победи во Торонто

Read more
 

Вести

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе