Филмот и културата создаваат нови мостови: Отворен Фестивалот на грчкиот филм

Во полната сала на Кинотека, во присуство на актери, режисери, дипломати, претставници на политичкиот и културниот живот во земјава, во неделата беше отворен 4. Фестивал на грчки филм.

Присутните ги поздрави Клери Коцидас, шеф на Канцеларијата за јавна дипломатија во Амбасадата на Грција.

„Фестивалот почна да се одржува по четврти пат на секои две години во Скопје, а годинава за прв пат ќе се одржи и во Битола во Киното Манаки. Вечерва ќе гледате два филма од грчки автори и ви посакувам да уживате“, рече Коцидас.

На присутните им се обрати и директорот на Фестивалот Киненова, Небојша Јовановиќ, кој рече дека е голема радост кога човек успева да создаде пријателства, во моменти кога тоа изгледа дека не е можно и таму каде изгледа дека нема простор за тоа.

„Со ваква мотивација, зааедно со помошта и влогот на сите мои прекрасни пријатели и колеги од Хеленската република и особено драгите пријатели од Амбасадата на Хеленската република, создавањето на овој фестивал е чисто задоволство за мене. Во оваа прилика изразувам огромна благодарност за недвосмислената поддршка од страна на Амбасадорот на Хеленската Република во Северна Македонија, нејзината екселенција Софија Филипиду. Ние можеби нема да го промениме целиот свет, можеби нема да ги избришеме границите, но сигурно ќе создадеме нови гранични премини и нови мостови преку програмата на фестивалот, бидејќи културата ја има таа моќ, а филмот особено, преку длабоката и широка комуникација на животните теми кои директно произлегуваат од актуелното грчко општество“, рече Јовановиќ.

Вечерва на програмата на Фестивалот е филмот „Невидлив“ на Димитри Атанитис, која ја раскажува приказната за Арис, кој ненадејно е отпуштен од фабриката во која работи. Чувствувајќи се како жртва, тој чекор по чекор станува опседнат со идејата да ја земе правдата во свои раце. Во моменти кога тој се чувствува целосно подготвен да продолжи со својата цел, неочекувано се појавува неговата поранешна сопруга, оставајќи му го нивниот мал син.

Авторот и режисер Димитри Атанитис е член на Европската филмска академија, со реализирани 11 играни филмови со референци и 60 награди за неговата работа ширум светот. Во неговиот филм „НЕВИДЛИВ“ (2016), кој освои 17 награди на меѓународни филмски фестивали, Атанитис усвојува иновативен пристап кон филмската форма и нарација.

„Бјути“ е краток филм на Танос Либеропулос, кој ќе биде прикажан пред долгометражниот филм. „Бјути“ говори за Кали, невработена млада жена која живее со нејзината мајка која постојано ја контролира, бара излез низ блескавиот, но суров универзум на YouTube beauté. Таа ќе ги надмине своите граници за да ги задоволи нејзините неколку претплатници, а притоа да има насмеано лице и да одржува совршена претстава за себе.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Култура

Празнично ретро шоу на олдтајмери во Крива Паланка

Read more

Вердиевата спектакуларна опера Трубадур на 11 мај на Мајските оперски вечери

Read more

Изложба: Четирите мајстори на модернизмот

Read more

Распишани конкурсите за државните награди „11 Oктомври“ и „22 Ноември“

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе