Зверев играл со коронавирус во Австралија?

Една од ѕвездите на светскиот машки тенис, Германецот Александер Зверев, можеби бил заразен со коронавирус.


 
Во вклучување во живо на Instagram при разговор со актерот и телевизиски презентер Оливер Похер, Зверев откри дека тој можеби страдал од оваа болест кон крајот на декември во Кина. Ако е така, тоа го наметнува прашањето дали тој бил носител на вирусот за време на Австралија опен, каде стигна до полуфиналето.
 
– Имав кашлица еден месец, но никој не знаеше за вирусот. Кашлав 5-6 часа навечер и два дена имав треска, рече Зверев (22), кој беше во Кина за добротворен натпревар со Роџер Федерер на крајот на декември. Таму тој беше придружуван од неговата девојка Бренда Патеа, за која се вели дека имала слични симптоми.
 
Зверев ја започна годината многу слабо и неговиот настап на АТП Купот во Австралија беше разочарувачки. Откако пристигна во Мелбурн за Австралија опен, Германецот веќе се чувствуваше подобро.
 
– Не сакам да кажам сега дека сум имал коронавирус и сум стигнал до полуфиналето на Австралија опен, тоа би било сензационално, рече Зверев, кој исто така го запиша својот најдобар резултат на Гренд-слем турнирите досега.
 
Зверев, исто така, рече дека се пошегувал со Федерер за коронавирусот. Како што е познато, Швајцарецот се повлече од турнејата поради операција на коленото непосредно пред кризата со COVID-19.
 
„Му напишав: „кажи ми дека си скрил информации од Кинезите кога бевме таму“. Чудно е, но тој не ми одговори, тој само ми испрати „смајли“ и тоа беше тоа“, објасни Зверев, кој моментално е во Мајами.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Read more

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Тенис

Надал елиминиран од Де Минор

Read more

Алкарас нема да ја брани титулата во Барселона

Read more

Ѓоковиќ одби да одговори на новинарско прашање, тајната на успехот ја чува 15 години

Read more

Медведев дивееше поради судиска одлука, па испадна од Монте Карло

Read more
 

Спорт

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе