Здравје

Зошто не треба да гуглате симптоми на болест?

11. ноември 2019 - 12:51 | М.С.

Двајца од пет луѓе се убедуваат дека боледуваат од тешка болест откако за своите симптоми го прашале д-р. Гугл. Дали сте и вие помеѓу нив?

Истражувањето во кое учестуваа 2.000 возрасни луѓе, покажа дека дури 43 проценти од нив пребаруваат на Google за нивните симптоми, при што се убедиле дека се болни од некоја тешка болест.

Околу 65 проценти од испитаниците поставиле дијагноза со помош на Google, иако лекарите предупредуваат дека гуглањето на симптомите може да ви донесе повеќе штета отколку корист.

Наместо да побараат решение и да дознаат дека нивната состојба можеби е поради недостаток на некој витамин или лош начин на живот, пациентите на д-р. Гугл веруваат дека се болни од некоја тешка болест.

Одговорите и медицинските совети коишто ги нуди д-р. Гугл, се доверливи само 40 проценти. 

Меѓутоа, половина од испитаниците се изјасниле дека при влошување на здравствената состојба заминуваат на вистински лекар затоа што знаат дека д-р. Гугл непотребно ќе ги вознемири. 

Доктор Роберт Мордкин, вели дека нема ништо лошо во тоа да се информирате, но треба да побарате совет од вашиот лекар, пред сами да донесете било каков заклучок.