Живот

Зошто болат градите?

24. јули 2017 - 19:30 | Л.Е.
Понекогаш се будите и не можете ниту градник да облечете. Постојат денови во месецот кога не сте ни близу до циклусот, а чувствувате како некој да ве клоцал по градите. Покрај најчестиот виновник постојат и други причини за болки за кои морате да се консултирате со доктор.
 
 
Болката во градите пред секој месечен циклус е очекувана и времето во кое се јавува е доволно да ја исклучите како нешто за кое треба да се загрижите. 
 
Бремените жени исто така искусуваат болка во градите. Стражниот коктел од хормони допринесуваат за зголемена чувствителност на брадавиците, а ако болката е проследена со вртоглавици, лошење и промашен циклус не ќе ви биде лошо да тркнете по еден тест за бременост.
 
Постојат и посериозни причинители на болка во градите како што се трупки и туморозни ткива во градите. Туморозно ткиво не секогаш значи рак на дојка, но е нешто кое дефинитивно треба да го проверите. 
 
Фиброаденомите се масни ткива кои некои жени се склони да ги создаваат, а предизвикуваат болка кога со својата форма или големина ќе натиснат некоја жлезда во градите па со секој зголемен притисок се зголемува и болката. 
 
Ракот на дојки вообичаено не се манифестира со болки во градите туку со многу други пропратни симптоми како пропаднати брадавици, трупки во градите кои не се движат, и промена на обликот на едната или двете гради.