Филм & ТВ

Златни малини 2020: „Cats“, „Madea“ и „Rambo“ со најмногу номинации

12. февруари 2020 - 17:11 | Б.С.Б.

Објавени се номинациите за четириесеттото доделување на Златните малини, традиционално наградување на најлошите филмски остварувања во текот на годината.

Златната малина е награда што се доделува за најлоши филмски остварувања, а доделувањето е започнато во 1980 година, како спротивност на холивудските Оскари.

Освен награди за најлоши филмски остварувања, оваа година по шести пат ќе се доделува Златна малина за најдобро искупување, наменето за актерите кои со својата работа успеаја да се искупат за лошите филмови од нивното минато. Главен фаворит е Џенифер Лопез.

Уште не е познато кога ќе се одржи доделувањето на Златните малини, но ова би требало да биде првата церемонија емитувана на телевизија.

Најмногу номинации за 2019 година има „Cats“, а потоа следат „A Madea Family Funeral“ и „Rambo: Last Blood“.

Листа на номинирани:

Најлош филм

Cats

The Fanatic

The Haunting of Sharon Tate

A Madea Family Funeral

Rambo: Last Blood

Најлош актер

Џејмс Франко – Zeroville

Дејвид Харбур – Hellboy

Метју Меконахи – Serenity

Силвестер Сталоне – Rambo: Last Blood

Џон Траволта – The Fanatic , Trading Paint

Најлоша актерка

Хилари Даф – The Haunting of Sharon Tate

Ен Хатавеј – The Hustle, Serenity

Франческа Хејворд – Cats

Тајлер Пери како Мадеа – A Madea Family Funeral

Ребел Вилсон – The Hustle

Најлош режисер

Фред Дарст – The Fanatic

Џејмс Франко – Zeroville

Адриан Гранберг - Rambo: The Last Blood

Том Хупер – Cats

Нил Маршал – Hellboy

Целосната листа може да ја погледнете овде.