Фудбал
ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2019/20

Зидан е незадоволен: За 10 минути расипавме сѐ

27. февруари 2020 - 12:41 | Ф.З.

Предводникот на Реал Мадрид има причини да е незадоволен од синоќешниот исход откако неговите избраници прокоцкаа водство.

Зинедин Зидан беше видно нерасположен по синоќешниот пораз на Реал Мадрид на „Сантјаго Бернабеу“ од Манчестер Сити. Незадоволството е уште поголемо со оглед на тоа што Реал поведе, а потоа во финишот од натпреварот дозволи да прими два гола и да загуби.

„Како можам да бидам задоволен? Играме добро и на десетина минути пред крај се менуваме и правиме кардинални грешки кои ни прават штета. Потребни ни беа 90 минути целосна концентрација, особено против тим како Сити“, вели популарниот Зизу.

Сепак, францускиот стратег е оптимист дека битката не е завршена и неговиот тим има многу едноставна мисија на реваншот на 17 март.

„Знаеме дека за играње има уште половина од оваа пресметка. Едноставно е: треба да отидеме во Манчестер и да победиме“.