Животинско царство: Она кога хиена ќе ѝ украде плен на мајка гепард

Дивината има свои правила на опстанок, а едно од нив гласи – ако не си ја заштитиш храната, ќе останеш без неа.

Гепардот е најбрзото копнено животно (достигнува брзина од 112 до 120 км/ч) и поради тоа е успешен предатор и ловец. Но оваа гладна мајка гепард не успеа да го зачува пленот за нејзините младенчиња и младата импала отиде во забите на една упорна хиена.

Хиените се главно мршојадци, што значи дека се хранат претежно со остатоци од нечиј плен, но знаат да бидат и добри ловци кога ловат во група.