Жедна коала се качи на велосипед и побара вода
По коалата која дојде во еден двор и доби вода, сега во Австралија излезе ново видео со контакт од ваков тип.
Огромните пожари ги оставија тамошните животни дехидрирани, па оваа жедна коала побара помош од велосипедисти. Дури и се качи на велосипедот и ја испи целата вода во шишето на девојката, а колку била ожеднета покажува и тоа што кога водата заврши продолжи да ги лиже капките останати на човечката рака.