Зголемени трошоци на живот за овошје, цигари и масло, намалени за горива

Трошоците на животот во март годинава се зголемени за 0,2 отсто во споредба со претходниот месец, а цените на мало, пак, се намалени за истиот процент, 0,2. На годишно ниво, односно во споредба со март 2019 година трошоците на животот бележат пораст од 0,5 отсто, а цените на мало пораснале за 0,3 проценти.

Според податоците на Државниот завод за статистика, пораст на трошоците на животот во март 2020 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежото и разладеното овошје за 7,2 отсто, цигарите за 4,1, маслото и маснотиите за 3,4, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0,9, јајцата за 0,8, месото и млекото за 0,7, лебот и житата, сирењето и урдата, свежиот и разладениот зеленчук (освен компирот и другите коренести плодови) за 0,4, жестоките пијалаци и виното за 0,3 и прехранбените производи неспомнати на друго место за 0,2 отсто.

Пораст на трошоците на животот е забележан и кај другите апарати и производи за лична хигиена за 1,3 отсто, игрите, играчките и хобијата за 0,9, материјалите за одржување и поправките на живеалиштето, моторните возила за 0,8, градините, растенијата и цвеќињата за 0,6, малите електрични апарати за домаќинствата за 0,5, мебелот и покуќнината, фармацевтските производи за 0,4, големите електрични апарати за домаќинствата за 0,3, другите медицински производи, домашните миленици и сродни производи за 0,2 отсто.

Намалување на трошоците на животот има кај рибата и морските плодови, сувото овошје и јаткастите производи за 0,4 отсто, сушениот зеленчук, другиот конзервиран и преработен зеленчук за 0,2 отсто.

Намалување на трошоците на животот е забележано и кај течните горива за домаќинствата за 10,2 отсто, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 7,8, телефонската и телефакс опремата за 2,9, гасот за домаќинствата за 2,8, воздухопловниот патнички транспорт за 1,8, резервните делови и приборот за сопствените превозни средства за 0,8, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 0,6, информатичката опрема за 0,2, опремата за спорт, кампирање и рекреација на отворено за 0,2 отсто.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Read more

Села оди во коалиција со Ахмети

Read more

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Read more

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе