НБА 2019/20

Зголемен бројот на заразени со коронавирус во НБА екипите

Клубовите Лос Анџелес Лејкерс, Бостон Селтикс, Филаделфија 76-ерс и Денвер Нагетс објавија за први случаи на заразени играчи и тренери со Covid-19.

Засега, името на само еден од заразените е јасно, а тоа е бекот Маркус Смарт од Бостон Селтикс. Смарт во видео порака рече дека бил тестиран пред пет дена, но дури сега ги добил резултатите. Во овој 120-часовен период, тој се ставил во самоизолација во својот дом и ќе продолжи сè додека не биде добро.

Лос Анџелес Лејкерс откри дека двајца играчи во нивниот состав се, исто така, болни со новиот вирус. Сепак, нивните имиња не се откриваат.

Најлоша е ситуацијата во Филаделфија 76-ерс каде се заразени три лица. Филаделфија исто така избра да остане доверлива и не ги откри имињата на пациентите, без разлика дали се кошаркари, тренерски персонал или помошен персонал.

Само за еден случај досега пријавуваат од Денвер, при што претставникот на клубот од Колорадо беше тестиран на 16 март и е ставен во карантин.

Во последниве денови, серија играчи во НБА се заразија со Covid-19. Болеста најпрво беше откриена во Руди Гобер и Донован Мичел од Јута Џез, потоа во Кристијан Вуд од Детроит Пистонс, а пред два дена од страна на Бруклин Нетс потврдија за четири случаи, од кои еден е sвездата Кевин Дурант.

реклама

Ќерката на Кетрин Зита-Џонс и Мајкл Даглас порасна во убавица

Read more

Младите Уругвајци го освоија Светското првенство, Италија не шутна на гол

Read more

Тошковски најави награди за вработените во полиција ако помогнат во надминување на кризата со издавање на лични документи

Read more
Времеплов: 150 години од Стоунхеџ

Времеплов: 150 години од Стоунхеџ

Read more

Кошарка

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Read more

Вајт прв во историјата на Чикаго го повтори подвигот на Џордан, Филаделфија во плеј-офот

Read more

Џонтeј Портер доживотно суспендиран од НБА

Read more

Евролигата ригорозно го казни Теодосиќ: 15 илјади евра и 2 меча суспензија

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе