Регион

Земјотрес Загреб: Повеќе повредени од кои едно дете е во критична состојба

22. март 2020 - 12:37 | МИА/КАЈГАНА

15-годишно дете е во критична состојба по големиот земјотрес кој утрово го погоди Загреб.

Детето е повредено при уривање на зграда во близина на центарот на градот. Спасувачите кои ги проверувале срушениот објект го нашле детето кое било со тешки повреди и не покажувало знаци на живот. Веднаш со итна медицинска помош е однесено во болница каде лекарите сè уште се борат за неговиот живот.

Првично беше објавено дека детето веќе е починато, но последните информации се дека тоа сепак се бори за живот.

Дополнително повеќе лица се повредени низ повеќе делови во градот, а градоначалникот Милан Бандичќ изјави дека во потресот највеќе настрада стариот дел од градот.

Критична е состојбата во болницата на Петровска улица каде што пред објектот кој е многу оштетен има голем број мајки и деца. Не сакаат да влезат внатре и се плашат дека и помал потрес сега може комплетно да го сруши објектот.