Заврши реновирањето на тревникот на Арената, Работнички прв ќе го сефтоса

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) официјално го предаде новиот хибриден терен на Националната арена „Тодор Проески“ на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор (АДИССДП).

Фото: ФФМ

ФФМ, согласно договорот со Јавното претпријатие кое стопанисува со Арена, денеска официјално ги заврши своите активности за поставување и одржување на новата тревна подлога на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Федерацијата целосно го обнови тревникот на нашиот најголем стадион со поставување на најсовремена и хибридна површина. Новата подлога ја спојува природната трева со најсовремените синтетички материјали, притоа обезбедувајќи одлична издржливост и еластичност.

Со поставувањето на хибридната трева од најновата генерација на и со вградување на целосно нов систем за наводнување се овозможува на нашиот стадион да се одигруваат натпревари во текот на целата година, без оглед на временските услови, притоа одржувајќи ги највисоките стандарди за игра.

Фото: ФФМ

„Оваа инвестиција ја нагласува нашата посветеност на обезбедување највисоки услови за одигрување на репрезентативни и клупски натпревари и повторно ја враќа нашата Национална арена како врвно место за фудбал на сите нивоа. Ја изразуваме нашата благодарност до сите кои беа вклучени во реализацијата на овој проект, посебно на АДИССДП и со нетрпение очекуваме да им посакаме добредојде на фудбалерите на Националната арена“, изјави претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.

Први кои ќе имаат чест да ја искусат новата трева ќе имаат фудбалерите на Работнички и Брегалница, кои в недела од 14 часот ќе го одиграат својот натпревар во рамките на 21. коло од 1.МФЛ. „Романтичарите“ последен пат беа домаќини на својата Арена на 17 септември кога ја победија Воска Спорт со 2:0. Оттогаш како домаќини најчесто играа на „Борис Трајковски“ во населбата Маџари, а понекогаш и на терените на ФФМ.

Средствата за новата подлога на Националаната арена целосно ги обезбеди ФФМ преку „Хет-трик“ проектот на УЕФА за фудбалска инфраструктура.

На новиот тревник, во првата фаза се работеше на поставување на вештачка површина, а потоа следуваше сеење на природната трева. Природната трева создава густина и компактност, поради што во сезоната на најсилна вегетација разликата е практично невидлива. Во сезоната на најслаба вегетација, односно во декември, јануари, февруари, односот е приближно 70-30 во корист на природната трева, додека во сезоната на полна вегетација, односот се зголемувa. Поставувањето на хибридна подлога е ефикасно решение, се разбира доколку правилно се одржува и се искористува на пропишаниот начин.

Тагови
реклама

Фудбал

Мбапе се прости од ПСЖ, на вечерата дојде и Макрон

Read more

Како Лука Модриќ го скрши калапот во фудбалскиот бизнис?

Read more

Брест не може на својот стадион да биде домаќин во Лигата на шампиони

Read more

Хулен Лопетеги ќе биде тренер на Вест Хем

Read more
 

Спорт

Контроверзниот Кирјос сака да се проба во бокс, веќе има список со противници

Читај повеќе

Мбапе се прости од ПСЖ, на вечерата дојде и Макрон

Читај повеќе

Како Лука Модриќ го скрши калапот во фудбалскиот бизнис?

Читај повеќе

Брест не може на својот стадион да биде домаќин во Лигата на шампиони

Читај повеќе

Хулен Лопетеги ќе биде тренер на Вест Хем

Читај повеќе

Разбојници пукале врз тројца фудбалери на Марсеј

Читај повеќе

Куп финалето в среда на Арената: Тиквеш и Воска по историја

Читај повеќе

Работа од соништата: Гледа натпревари, освојува трофеи и заработува милиони

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ превртува очи на прашањето дали ќе игра за Србија на Олимпијадата

Читај повеќе