Заразениот доктор од Битола со апел: И при најмал сомнеж тестирајте се

Министерството за здравство денеска објави дека има прв случај на заразен од коронавирус и во Битола.

Станува збор за доктор Христијан Трпчевски од приватната болница Плодност, кој на својот Facebook профил објави дека е носител на коронавирус и им се обрати јавно на битолчани да не го осудуваат.

Тој советува и при најмал сомнеж за добивање на вирусот луѓето да бидат упорни и да се тестираат за да го исклучат неговото постоење. Докторот посочува дека неговиот прв тест бил негативен и ако не го направел вториот тест, болеста ќе поминеше како грип.

Тој вели дека во последните 60 дена релацијата на неговото движење била болница „Плодност“- дома и обратно и никаде на друго место. Заклучува дека вирусот го добил од пациентка која била на преглед и покрај почитувањето на сите епидемиолошки мерки преземени во болницата како дезинфекција на раце, носење маски и визири и постојано бришење подови и други површини со средства за дезинфекција. И покрај сите преземени мерки и строгата контрола докторот објаснува дека е можно некој асимптоматски носител да го пренесе вирусот.

Сега тој јавно им се обрати на битолчани да не го осудуваат туку од целата ситуација да извлечат заклучок и при најмал сомнеж да се тестираат за да го исклучат постоењето на вирусот.

„Јас се тестирав и покрај тоа што ми е лекарска обврска да спасувам животи, спасив многу животи на поинаков начин“, вели докторот во обраќањето до битолчани.

реклама

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Министерот Филипче се сретна со сопствениците на три приватни болници

Read more
Најбогат меѓу покојните ѕвезди

Најбогат меѓу покојните ѕвезди

Read more

Динамо останува без тренер, потврдена затворската казна за Мамиќ

Read more

Македонија

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Read more

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Read more

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Read more

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе