Регион

Заразен е и братот на првиот пациент со корона вирус во Хрватска, двајцата биле во Италија

26. февруари 2020 - 9:34 | МИА/КАЈГАНА

Хрватските доктори го потврдија вториот случај на лице заразено со новиот коронавирус.

Се работи за братот на првиот пациент, на кој вчера му беше дијагностициран корона вирус откако се врати од Милано.

Неговиот помал брат, кој сега е практично второто заразено лице, бил во Милано за да гледа фудбалски натпревар од Лигата на шампионите.

Девојката на заразеното лице која цело време била со него не е заразена со вирусот.

Здравствените власти на Хрватска информираа дека во овој момент на инфективната клиника се тестираат три лица поради сомнеж дека се заразени со Covid-19.

Првозаразениот, 26-годишно момче, и неговата девојка патувале од Италија со автобус, па сега се проверуваат и другите патници, пишува хрватски Index.hr.

Во меѓувреме во Сплит од Анкона пристигна брод со 80 патници, кој го пречекаа посебно опремени полицајци и санитарни инспектори.