Свет

Запознајте ја Сана Марин, најмладата премиерка во светот

10. декември 2019 - 16:31 | Б.С.Б.

Има 34 години и е најмладата премиерка во светот. Станува збор за Сана Марин, новата премиерка на Финска.

34-годишната министерка за транспорт од Социјалдемократската партија на Финска стана новата премиерка на земјата. На власт дојде откако досегашниот шеф на владата Анти Рине поднесе оставка. Со тоа, таа стана најмладата шефица на влада во светот и е трета премиерка во историјата на таа земја.

„Нè чека многу работа за да ја обновиме довербата на народот“, изјави најмладата премиерка во светот пред новинарите.

Таа ќе ја предводи коалицијата составена од 5 партии, чии лидери се исто жени. Три од четири коалициони партнерки исто така немаат 35 години. Партијата на Сојуз на левицата ја води 32-годишната Ли Андерсон, Зелената лига е под водство на 34-годишната Марија Охисало, Партијата на центарот е под лидерство на 32-годишната Катри Кулмани, а Шведската народна партија на Финска е под водство на 55-годишната Ана Маја Хенриксон.

За нејзиниот приватен живот не се знае многу, израснала со две мајки и е прва во семејството која завршила факултет. Вели дека како дете се чувствувала невидливо бидејќи не можела многу да зборува за семејството. Живеела со мајка ѝ и нејзината партнерка во изнајмен стан. Во интервју за порталот Menaiset во 2015 година Сана призна дека како дете не можела отворено да разговара за нејзиното семејство.

Сепак, најголема поддршка во животот ѝ е нејзината мајка, која ѝ влева самодоверба дека во животот може да направи сè што ќе посака.

Таа е првата личност од семејството која завршила факултет, а на чело на финската влада доаѓа како мајка на 22-месечно девојче кое го има со долгогодишниот партнер Маркус Раиконен.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Tyttö on tänään 4 viikon ikäinen. Otettiin sen kunniaksi perhepotretti.

A post shared by Sanna Marin (@sannamarin) on