Извршниот директор на Facebook, Марк Закерберг, на работниците од неговата компанија им нареди да користат само смартфони кои користат Android оперативен систем, пишува денеска The New York Times.
Оваа одлука беше донесена откако извршниот директор на Apple го критикуваше работењето на Facebook, нарекувајќи го „сервис кој му штети на приватниот живот“.
„Веќе подолго време ги охрабруваме нашите вработени да користат Android бидејќи тоа е најпопуларниот оперативен систем на светот“, рекоа од Facebook за The New York Times.
Експертите велат дека ова е добра одлука бидејќи и други компании, како што е Snapchat, исто така ги охрабруваат нивните вработени да користат смартфони со Android оперативен систем.
Android и iOS имаат неколку драстични разлики во начинот на кој работат системот и апликациите. Но, наредбата на Закерберг изгледа дека доаѓа од друга причина – тој не ги прифати баш најдобро критиките од Тим Кук, извршниот директор на Apple.
Меѓутоа, новинарите на New York Times ги проверија Twitter профилите на дел од вработените во Facebook и открија дека голем дел од нив сѐ уште користат iPhone уреди, со што доаѓаме до заклучокот дека наредбите на Марк не се извршени во целост.