Закерберг ги призна грешките, најавува подобра заштита на податоците

Њујорк, 21 март 2018 (МИА) – Извршниот директор и основач на Facebook Марк Закерберг денеска ги призна грешките и најави чекори кон подобра заштита на податоците на корисниците по скандалот со преземање на личните податоци на повеќе од 50 милиони корисници.

Закерберг се огласи по четири дена молчење, забележуваат светските агенции.

Тој на својот профил на Facebook напиша дека компанијата има „одговорност“ да ги заштити податоците на корисниците.

„Ако тоа не го можеме, тогаш не заслужуваме да ви бидеме на услуга“, истакна тој.

Закерберг информира дека работел на тоа да сфати што точно се случило и како да се обезбеди тоа да не се случи повторно.

 „Добрата вест е дека најважните чекори за спречување ова да не се повтори повеќе ги направивме пред неколку години. Но, ние исто така направивме грешки, има уште да направиме, и треба да засилиме и да го направиме тоа“, напиша тој.

Компанијата Фејсбук загуби околу 37 милијарди долари по скандалот со преземање на лични податоци на повеќе од 50 милиони корисници. Тоа ги исплаши инвеститорите па вредноста на акциите на Фејсбук падна за околу седум отсто.

Извршниот директор и основач на Facebook Марк Закерберг претрпе загуба од четири милијарди долари.

реклама

Интернет

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Read more

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Read more

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Read more

Instagram воведува голема промена

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе