Загрозени 29.000 вработени во угостителството, бараат помош од државата

Државата да каже дали предвидува поддршка за угостителите. Ако не, тие навреме да бараат помош преку други мерки, за да не останат без никаков приход, апелира денеска Групацијата за угостителство при Сојузот на стопански комори.

Групацијата предупреди дека угостителите не можат сами да го издржат економскиот удар од коронавирусот и дека најверојатно голем дел од вработените ќе бидат одјавени и ќе останат без работа заклучно со 31 март. Со тоа, директно ќе биде доведена во прашање егзистенцијата на 29.000 луѓе колку што се вработени во оваа гранка, а дополнително проблемите ќе ги почувствуваат и нивните семејства.

Мерките кои се веќе предложени, не ги решаваат нивните проблеми и не само што нема да им помогнат да ги надминат финансиските проблеми, туку и дополнително ќе ги задолжат. Според Мартин Ангеловски од Групацијата, предложениот пакет мерки ќе стапи во сила од април, а угостителите веќе преку половина месец се без приходи.

Угостителите предлагаат конкретни решенија: субвенционирање на минимална бруто плата за вработените додека траат превентивните мерки, одложување на наплатата на даночни обврски и аконтации во наредните шест месеци, замрзнување и репрограм на обврските по кредити и камати како и други доспеани обврски кон банките до завршување на кризата, да профункционира итно и без одложување отворањето на кредитните линии со субвенционирана камата, да не се применува Законот за финансиска дисциплина во наредните три до пет месеци, да има одложено плаќање на сите режиски трошоци до завршување на пандемијата, да нема исклучувања поради неплаќање вода, струја и други основни услуги, како и да не се наплаќа персонален данок и ДДВ за кириите.

– Малите и средните претпријатија до 50 вработени, семејните компании и претприемачите се најпогодени од новите состојби предизвикани од Ковид-19. Субјектите со претежна дејност угостителство ставија клуч на врата по донесената уредба од Владата за затворање како резултат на опасноста од ширење на вирусната инфекција. Здравјето на граѓаните е најважно, но не смее да се дозволи да пропадне оваа дејност и луѓето вработени во овој сектор сред здравствена криза да останат без никаков приход за да се прехранат, истакна Ангеловски.

Секој изминат ден, дополни тој, е трошок кој угостителите не можат да си го дозволат од сопствени извори на финансирање.

– Овие субјекти се микро и мали, а поради Уредбата имаме нула приходи во дејноста, па не можеме да ги покриеме трошоците. Повеќето од нас користат кредити од комерцијалните банки за кои се уште нема одлука за мораториум како во другите држави. Би биле презадоволни доколку за нашата дејнот може да се изнајде начин да се донесат конкретни мерки кои ќе нѐ одржат во живот, рече Ангеловски на прес-конференција, рече Ангеловски.

Тој напомена и дека сите здруженија на угостители низ градовите во земјава се во иста позиција. Покрај заканата од коронавирусот, тие се под дирекна закана и во борба за зачувување на работните места, како за да не пропаднат овие мали претпријатија.

– Консултиравме повеќе од 1.000 угостителски објекти зашто не сме во можност да ја издржиме состојбава без адекватни мерки на Владата и банките. Целта на мерките за помош што ги предлагаме не е за спас на изгубени добивки, туку да се успее да се преживее оваа агонија на неизвесност и на штети настанати од оваа светска пандемија, која секој ден се повеќе врши притисок да се затворат овие деловни субјекти и да останеме без работа, истакна Ангеловски.

Според него, веќе 10 дена се најавува поддршка, но нема ништо конкретно, ни каде да се јават, ни како да поднесуваат апликации за помош.

– Предложениот пакет мерки ќе стапи во сила од април, а ние веќе повеќе од половина месец сме без никакви приходи. Ова немаше да е проблем да се преброди кризата ако заврши утре или ако знаеме што ќе се случува и во кој рок. Ние моментно имаме проблем со платата за март, бидејќи нема никакви приходи, ни останаа залихи, задолжени сме со кредити, а не знаеме како мислат надлежните да се најдат средства да се платат придонесите за април и за мај. Имаме големо разбирање за моменталната состојба и сме подготвени да помогнеме во рамки на нашите можности, како на пример со залихи со храна и обезбедување оброци за лицата што се во изолација, за полициските пунктови кои ќе бидат неопходни за спроведување на полицискиот час и секаде каде ќе има потреба. Се што е во наша можност, ставаме на располагање за доброто на сите. Доколку нема предвидена помош со која ќе можеме да се одржиме, потребно е веднаш да ни биде соопштена таа одлука, за да може вработените кои ќе  бидат одјавени и ќе останат без работа заклучно со 31.03, да аплицираат навремено за други мерки за помош за да не останат без никаков приход. За оние што ќе опстојат кога ке помине кризата, кога ќе се отворат услови за рестартирање солидарно сите повторно ќе бидат пријавени на работа, рече Ангеловски. 

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Бизнис

Паднаа акциите на Netflix

Read more

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Read more

Волстрит паѓа четврти ден по ред

Read more

Народна банка: Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30 отсто

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе