Заборавете на лозинки: Која е иднината на заштитата на податоците?

Сѐ повеќе компании ширум светот се откажуваат од лозинките како метод на заштита на податоците и бараат нов начин со кој ќе осигураат безбедност на чувствителните информации.

Биометриското потврдување користи препознавање на лицето, отпечатоци од прстите или скенирање на рожницата за утврдување на идентитетот.

Производителите на смартфони веќе го воведоа отклучувањето на уреди со биометриска идентификација, а сега сѐ почесто се користи овој начин за отклучување на компјутери, па дури и згради.

Според некои истражувања, дури 90% од компаниите до 2020 година ќе користат биометриско утврдување, објави CNN Money.

Меѓутоа, и биометриското утврдување не е непробојно – и биометриските податоци може да се украдат и да се злоупотребат.

Експертите веќе покажаа дека е можно да се измамат читачите на отпечатоци на прсти и камерите за „отчитување“ лица и рожница.

Се поставува прашањето за приватноста, односно заштитата на ваквите биометриски податоци.

Директивата GDPR што стапува на сила во ЕУ во мај предвидува изречна согласност на граѓаните за користење на нивните биометриски податоци.

Сепак, ни биометриските податоци нема да бидат доволно моќни да ги заштитат нашите лични податоци, барем не самостојно.

Експертите сметаат дека, за подобра заштита, сепак ќе биде потребно да се користат две различни методи, како што денес се користи двостепеното утврдување (two factor authentication).

Некои компании развиваат нови методи за заштита засновани на однесувањето на корисникот, на пример во која положба го држиме смартфонот додека го користиме, дали пишуваме со една или две раце, како го повлекуваме прстот при скролање и слично.

Моментално најзаинтересирани за ваков начин на утврдување идентитет се банките и другите финансиски институции, бидејќи можеби можете да направите маска со нечиј лик или да отпечатите нечиј отпечаток од прст, но не можете да го копирате начинот на кој пишува одредени зборови или како го мрда прстот на екран на допир.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Софтвер

WhatsApp добива AI chatbot

Read more

Apple ја отвори App Store за емулатори на ретро игрици

Read more

Microsoft во цел свет ги одвојува Teams и Office

Read more

Instagram има скриена игрица - како да се најде?

Read more
 

Гик

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе
  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе