Кај саламите, шунките или кулените, сигурно сте забележале дека има мал метален дел на обвивките, на самите краеви на производите. Веројатно не знаете за што всушност служи.
Иако 99,99% од нас ја отстрануваат заштитната фолија од споменатите производи со отсекување на горниот дел, а потоа со раце или нож за да го извадиме остатокот од фолијата, ова видео на Instagram ни ги отвори очите дека всушност постојано грешиме со отворањето на овие производи.
Како што можете да видите на видеото, сè што навистина ви треба за полесно да ја извадите фолијата од саламата е да го фатите тој метален дел, па да го завртите - и потоа саламата ќе излезе од обвивката без дополнително отстранување и лупење.
Видеото полуде многу корисници на социјалните мрежи, кои признаа дека цело време тоа го прават погрешно, иако некои беа искрени и признаа дека не се ни запрашале за што служи тоа парче метал.
Откако ќе го погледнете ова видео, сигурно ќе почнете да ја применувате оваа процедура која ќе ви го олесни користењето на овој производ.