Мобилни
И покрај епидемијата со корона вирус

Xiaomi го најави глобалното претставување на моделот Mi 10

11. февруари 2020 - 17:43 | М.С.

Xiaomi најави дека својот нов паметен телефон Mi 10 ќе го претстави на 13 февруари во Кина, а глобалното претставување ќе биде на 23 февруари, ден пред Светскиот мобилен конгрес во Барселона.

Технолошката компанија го најави новиот уред преку кинеската социјална мрежа Weibo, но и на Twitter.

Двата нови модели со назив Mi 10 и Mi 10 Pro ќе имаат четири камери.

Од Xiaomi известија дека Mi 10 ќе биде опремен со најновиот Qualcomm Snapdragon 865 процесор.

Кинескиот сертификат за Mi 10 Pro сугерира дека овој модел ќе го подржува 66-ватното брзо полнење и ќе ја надмине брзината на полнење на моделот Oppo Reno Ace.

Додека другите технолошки компании сè уште не го потврдија своето присуство на Светскиот мобилен конгрес поради брзото ширење на корона вирусот, Xiaomi денеска потврди дека ќе учествува.