Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека очекува за три до четири месеци да се дојде до најлошата ситуација во светот од Втората светска војна, пренесува РТС.

Зборувајќи за геополитичката ситуација во светот, Вучиќ рече дека има многу фокусни точки и дека големите сили на тоа гледаат според принципот „добро е додека се случува на друго место“.

„Добро е сè додека тоа се случува на друго место, така мислат тие. Долгорочно не гледам решение бидејќи работите се менуваат, некои се спротиставуваат на тие промени“, изјави Вучиќ за РТС.

Тој додаде дека има бројни прекршувања на меѓународните договори, само што некои биле многу прецизни во одредувањето и покажувањето на оние кои ја прекршиле Повелбата на ОН, а „не им било баш гајле што ја прекршиле кога го направиле тоа“.

„Посилниот е во право“

„Но, што можете да направите, тоа лицемерие и играта на меѓународната политика, посилниот е во право, и толку. Тоа е основниот принцип на меѓународната политика, па да ги оставиме сите нивни разговори за меѓународното право. Нам малите ни останува да се држиме до меѓународните права затоа што тоа е единственото нешто за кое можеме да се држиме, а овие големите ќе се борат и ќе се борат и ќе станува сè полошо и полошо“, заклучи Вучиќ.

Пред речиси две години, на 15 мај 2022 година, Вучиќ ја предвиде најлошата зима во последните 70 години, поточно од крајот на Втората светска војна. Причината за овие мрачни прогнози беше почетокот на војната во Украина и претстојната енергетска криза.

Еден месец подоцна, по средбата со патријархот Порфириј, дека „огромни и темни облаци висат над нашата земја“, и дека по летото доаѓа можеби најтешкиот период од 1944 година до денес. Веќе на 15 септември истата година, Вучиќ предвиде дека Европа и Србија во следните шест месеци ги очекува најтешкиот период од 1945 година.

„Следните шест, нешто повеќе од шест и пол месеци ќе бидат најтешките за Европа по Втората светска војна во целина. За нас можеби не најтешката, но ќе биде една од најтешките години за Граѓаните на Србија од 1945 година. Не сум мирен, но верувам дека ќе можам повеќе да зборувам за тоа кога ќе се вратам од Њујорк. Тешки денови се пред нас“, најави Вучиќ на посебната седница на Собранието на која се разговараше за Косово.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Регион

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Read more

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Read more

Обвинителството бара продолжување на притворот на осомничените за убиството на двегодишната Данка

Read more

Црна Гора воведува седумчасовно работно време до крајот на годината

Read more
 

Вести

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе